По стапките на светиот апостол Павле
590,00 ден
Од самата содржина на оваа книга може да се забележи дека истата е посветена на личноста и на мисионерското дело на Павле – апостолот на народите. Книгата е неприкосновен прирачник во којшто сликовито е опишан животот на апостолот (од родното место Тарс, па сѐ до неговото преобраќање на патот кон Дамаск), а воедно детално е предочена и неговата неуморна мисија во ширењето на христијанството преку бележитите мисионерски патувања.
Книгата претставува автентична градација на Павловиот животен тек и истата е полезно четиво за сите оние коишто сакаат да добијат појасна слика за настаните опишани во книгата „Дела апостолски“, како и во Павловите посланија.


Критики
Нема критики сеуште.