Животопис
Св ети Јован Златоуст(347–407) е еден од најголемите христијански светители, цариградски патријарх и прочуен црковен отец. Познат е како исклучителен говорник, поради што го добил и прекарот Златоуст. Роден е во Антиохија во угледно христијанско семејство. Студирал грчка филозофија и реторика, но по смртта на родителите се замонашил и целосно му се посветил на христијанството.Тој е еден од најплодните писатели во историјата на Црквата. Негово најпознато дело е Божествената Литургија на свети Јован Златоуст, која денес редовно се служи во православните цркви. Автор е на над 2.000 беседи и бројни толкувања на Светото писмо.Православната црква го слави неговиот спомен на 26 ноември (според нов стил), а на 9 февруари се слави преносот на неговите мошти. Заедно со свети Василиј Велики и свети Григориј Богослов, тој се вбројува во Трите Светители (се слават на 12 февруари).
Author's Books
Deciding What to Read Next?
Review
Дадете оцена