Кошничка

Враќање и замена

1. Оштетена или погрешна книга

Ако книгата пристигне оштетена при транспортот или добиете погрешен наслов, ве молиме контактирајте нè во рок од 3 дена од приемот преку Messenger или на нашата е-пошта [email protected], со прикачена фотографија од книгата и пакувањето.

  • Ќе ви испратиме нов заменски примерок без никаков дополнителен трошок.
  • Сите трошоци за доставата ги сносиме ние.

2. Се премисливте (Право на откажување)

Имате право да ја вратите книгата во рок од 14 дена од денот на приемот, без наведување на причина, доколку книгата е неоштетена, неупотребена и во оригиналната состојба.

  • Процедура: Пред да ја испратите пратката, задолжително известете нè преку Messenger или е-пошта за да го потврдиме враќањето.
  • Трошоци за достава: Трошоците за враќање на книгата се на товар на купувачот. Почетната достава од првата нарачка исто така не се рефундира.
  • Начин на враќање на парите:
    • Преку откуп (курирска служба): Пратката можете да ја испратите назад со назначена откупнина за вредноста на книгата, по претходна согласност и потврда од наша страна.
    • Ваучер или замена: Доколку сакате, износот може да се искористи како ваучер за следна нарачка или директна замена со друг наслов.

3. Кога не е можно враќање?

Не подлежат на враќање книги со видливи траги од користење, превиткани страници, белешки или оштетувања кои не биле пријавени веднаш при транспортот.