Кошничка

Продавница

Богородично правило
Богородично правило

Богородично правило

Богородичното правило претставува молитвено четиво посветено на Пресвета Богородица и на нејзиното непрестајно застапништво пред нејзиниот Син и наш Бог – Господ Исус Христос. Ова молитвено правило за мноштво верници претставува помош и поттик за продлабочување на личниот молитвен живот, за стекнување духовен мир и за приближување кон Бога преку молитвеното застапништво на Божјата Мајка. Богородичното правило претставува неприкосновен придружник во секојдневниот живот – книга кон која верникот може да се навраќа со молитва, особено во моменти на духовна потреба, благодарност и барање на Божја помош.

140,00 ден
Младоста и страстите
Младоста и страстите

Младоста и страстите

Оваа општопозната книга им се обраќа на младите, откривајќи ја внатрешната борба со страстите и патот кон духовната зрелост во Христа. Со јасен и пастирски тон, четивото нуди трезвени поуки за самопознанието, чистотата на срцето и слободата што се раѓа од животот одмрежен од страстите.
250,00 ден
Пакет од две книги „Бракот – тајна на љубовта“ и „Света тајна крштение“

Пакет од две книги „Бракот – тајна на љубовта“ и „Света тајна крштение“

Бракот - тајна на љубовта: избрани слова за светата тајна брак

Избраните текстови во оваа книга – некои изговорени, а некои, пак, напишани од современи богослови, духовници и верници, инспирирани од личниот опит со Бог и од непосредното духовно искуство што го имале во парохиските храмови и пошироко – зборуваат за важноста и за суштината на бракот како Света тајна, а воедно и за семејството како „мала Црква“.

Протојереј Александар Шмеман „ Света тајна крштение“

Оваа книга има точно определена цел: на јасен и концизен начин да го објасни она со кое верниците се среќаваат при Светата тајна Крштение – тајната преку која човекот се воведува во Црквата и станува нејзин член, започнувајќи нов живот во Христос Бог.

250,00 ден
Молитвеник
Молитвеник

Молитвеник

Молитвеник за секојдневна молитва, со утрински и вечерни молитви и Акатист кон Пресвета Богородица.

Содржи:
– голем вовед: „Молитвата како израз на нашата љубов кон Бога и кон луѓето“;
– утрински и вечерни молитви;
– Акатист кон Пресвета Богородица;
– други вообичаени молитви.

Мек повез, 140 страници.

250,00 ден
Преподобен Бенедикт Нурсиски – светилник на западното монаштво
Преподобен Бенедикт Нурсиски – светилник на западното монаштво

Преподобен Бенедикт Нурсиски – светилник на западното монаштво

Во ова дело се претставени ликот и делото на преподобен Бенедикт Нурсиски – основоположникот на западното монаштво. Книгата говори за него како за светилник кој силно засветлил во духовната традиција на Западната црква.
260,00 ден
Воскресна преобразба
Воскресна преобразба

Воскресна преобразба

Оваа трогателна приказна ја следи неверојатната духовна преобразба на Тома Рисков, кој од суров затвореник и грешник, низ патот на искреното покајание, станува жив проповедник на Христовата љубов. Преку неговото патување од темнината кон светлината, книгата сведочи дека ниту еден пад не е конечен и дека Божјата милост е секогаш отворена за душата што го избира животот – животот во заедница со Христа Живоносецот.
260,00 ден
Метаисторискиот идентитет на македонците како призван и заветен народ Божји
Метаисторискиот идентитет на македонците како призван и заветен народ Божји

Метаисторискиот идентитет на македонците како призван и заветен народ Божји

Оваа книга го истражува духовниот и историски пат на македонскиот народ низ призмата на христијанската онтологија и божествената промисла. Во неа се обработуваат следниве теолошки и философски теми: онтолошката слобода (народот како субјект во божествениот план, надвор од чисто временските и политичките рамки) и заветната димензија (историските страдања и искушенија како дел од повисок духовен призив).
290,00 ден
Свети Теофан Полтавски, нов затворник – Духовник на царското семејство
Свети Теофан Полтавски, нов затворник – Духовник на царското семејство

Свети Теофан Полтавски, нов затворник – Духовник на царското семејство

Оваа книга го прикажува животот и духовниот подвиг на свети Теофан Полтавски, истакнат подвижник и духовник на царското семејство Романови. Делото сведочи за неговото богоисповедништво, длабока молитва и верност кон Христос во особено тешки времиња, исполнети со бројни премрежја и неизвесности.
300,00 ден
Логострој
Логострој

Логострој

Книгата претставува дел од созерцателната и духовна потрага по скриените значења на навидум обичните зборови и изрази во македонскиот јазик кои честопати ги изговараме, без да се задржиме на нивната длабочина. Низ призмата на православното богомислие и библиската семантика, авторот прави јадровити објасненија на 80 избрани зборови и фрази, откривајќи ја нивната затскриена и низ времето заборавена смисла. Напишана на питок и разбирлив јазик, оваа книга го поттикнува читателот кон зборољубие, а истовремено и кон препознавање на катадневниот животен тек како тивок одек на вечноста.
300,00 ден
Мал типик
Мал типик

Мал типик

Малиот типик е краток богослужбен прирачник што ги содржи основните правила и редоследот (поредокот) на православните богослуженија. Книгата претставува практичен водич за свештеници и певци, но и за верници кои сакаат подобро да ја разберат Црквата низ призмата на богослуженијата.
320,00 ден
Библиски атлас
Библиски атлас

Библиски атлас

Библијата е исполнета со описи на патувања, како на пример: епското патување на Авраам од татковиот дом во Ур до хананската земја; излегувањето на Евреите од ропството во Египет, па сѐ до нивното влегување во ветената земја; мисионерските патувања на апостол Павле итн. Но не е исполнета само со описи на патувања, туку и со прикази на местоположбата на најважните географски топоними од времето на Авраам, па сѐ до првите христијански заедници. Одговорите на прашањата поврзани со сето ова можат да се пронајдат токму во овој Библиски атлас, и тоа преку достапните карти во боја, со коишто лесно може да се проследи библиското раскажување. Воедно, Атласот содржи и регистaр на географски имиња (топоними).
330,00 ден
Црковен живот за почетници
Црковен живот за почетници

Црковен живот за почетници

Оваа книга претставува едноставен и практичен водич за оние што сакаат да направат први чекори во православниот духовен живот. Таа објаснува како да се молиме, како да се однесуваме во црква и како да изградиме жив однос со Бога. Напишана е разбирливо и погодна е за секој почетник.
330,00 ден
Нема спасение надвор од Црквата
Нема спасение надвор од Црквата

Нема спасение надвор од Црквата

Во оваа книга, авторот се занимава со прашањата за вистината, спасението и местото на Христовата Црква во современиот свет. Преку споредба на христијанството со другите религии и учења, тој се обидува да покаже зошто православната вера Го гледа Христос како единствен пат кон спасението. Книгата е напишана полемички, но и богословски, со многу библиски и историски примери кои го поттикнуваат читателот кон подлабоко размислување за верата и Црквата.
340,00 ден
Автобиографија и избрани слова
Автобиографија и избрани слова

Автобиографија и избрани слова

Низ страниците на оваа книга се запознаваме со животот и со опитот во Бог на еден од најголемите современи романски духовници – архимандритот Теофил Парајан. Разработувајќи многуобразни теми, кои, беспоштедно, го задираат нашето искачување по лествицата на духовниот живот, архимандритот Теофил, на еден јасен и едноставен начин, ни го предочува патоказот кој води кон исполнување на неговата цел, а тоа е, несомнено, сместувањето на Бог во сѐ понеизвесното секојдневие и сочувувањето на Неговиот иконолик зографисан во нас.
350,00 ден
Моќта на името
Моќта на името

Моќта на името

Оваа книга изобилува со размисли кои ја откриваат внатрешната и надворешната страна на Исусовата молитва. Таа молитва, во православната духовност, е, всушност, непопречен пат кој нѐ води кон тоа нашиот живот да стане едно со животот на Спасителот – Господ Исус Христос. Книгата го прикажува опитот на живата вера и на личното општење со Бог, зашто молитвата, во својата суштина, претставува, ни помалку ни повеќе, жива комуникација на човековата душа со Него – Изворот на животот.
350,00 ден
Христос е слобода
Христос е слобода

Христос е слобода

Главната сижетна линија на оваа книга е слободата што ја дарува Христос – ослободена од страв, вина и формализам. Со топол и разбирлив јазик, авторот го приближува Евангелието до секојдневниот живот, повикувајќи на жива вера и лична преобразба.
350,00 ден
Богобарател
Богобарател

Богобарател

Ова четиво го следи примерот на еден поклоник во неговата потрага по Бога. Напишано е на едноставен јазик и е вистински патоказ за оние кои зачекоруваат во животот на Црквата – Телото Христово.
350,00 ден
Свети Герасим Кефалониски, изгонител на демоните
Свети Герасим Кефалониски, изгонител на демоните

Свети Герасим Кефалониски, изгонител на демоните

Оваа книга ги опфаќа житието, чудесата и акатистот упатен кон кефалонискиот светител Герасим, сведочејќи за силата на Божјата благодат и за неговото молитвено застапништво.
350,00 ден
Невидлива борба
Невидлива борба

Невидлива борба

Во оваа книга е предочена духовната борба која треба да ја води секој православен христијанин; скалилата и искушенијата кои треба да ги помине при растењето во духовниот живот, како и добродетелите кои треба да ги стекне.
380,00 ден
Сестри
Сестри

Сестри

Оваа книга претставува своевиден синаксар во кој се собрани житијата на повеќе свети личности кои имале контакт или духовна поврзаност со главните ликови – трите преподобни сестри Анисија, Матрона и Агафија. Книгата претставува јасен пример за тоа дека светоста не е резервирана само за поединци, туку е возвишен призив за сите луѓе како боголики созданија.
390,00 ден
Старец Ефрем Катунакиски
Старец Ефрем Катунакиски

Старец Ефрем Катунакиски

Оваа книга го содржи житието на овој прославен светогорски богоугодник – житие од кое можеме многу да научиме за духовноста, за молитвата и послушноста, како и за верноста кон преданието на Црквата.
390,00 ден