Кошничка

Продавница

Сет од 4 книги – Свето Писмо Библија

Сет од 4 книги – Свето Писмо Библија

Свето Писмо - Библија на македонски јазик ; Свето Писмо - Библија на старословенски јазик; Свето Писмо на Стариот завет на староеврејски ( Biblia hebraica stuttgartensia) ; Септуагинта (Lxx) Свето Писмо на Стариот Завет на старогрчки .

5.620,00 ден
Ерминија
Ерминија

Ерминија

Ова капитално дело служи како прирачник за црковното сликарство и иконографијата. Во него се опишани правилата, симболиката и техниките за изработка на икони и фрески според православната традиција. Книгата претставува мост меѓу уметноста и богословието, нагласувајќи дека сликарството е своевидна форма на молитва. Таа им помага на зографите да го зачуваат канонскиот ред и духовната длабочина во своите дела. „Ерминија“ и денес се смета за скапоцен водич за разбирање на православната уметност.
5.600,00 ден
Дела [I – VI том]
Дела [I – VI том]

Дела [I – VI том]

Овие книги го изложуваат богатото книжевно и богословско наследство на свети Јован Златоуст, чија мисла и слово оставиле неизбришлива трага во историјата на црквата. Неговите писанија се одликуваат со силна евангелска острина и исклучителна јасност во поуката. Златоустовите дела и денес го повикуваат читателот на духовна будност и одговорен христијански живот – живот според Евангелието.
Price range: 990,00 ден through 5.300,00 ден
Избери опции This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Добротољубие [I – V том]
Добротољубие [I – V том]

Добротољубие [I – V том]

Добротољубие е една од најпознатите збирки светоотечки текстови за молитвата и внатрешниот живот – пет тома мудрост на светите отци за очистувањето на срцето, молитвата и трезвеноста.

Во него е собрана духовната мудрост на Црквата, која го води човекот кон исцеление на умот и вистинска заедница со Бога – книга кон која човек постојано се навраќа, преку внимателно и молитвено читање.

Тврд повез. Достапно како цел сет или поединечни томови.

Price range: 1.100,00 ден through 4.900,00 ден
Избери опции This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Богослужбено Евангелие
Богослужбено Евангелие

Богослужбено Евангелие

Богослужбеното Евангелие го содржи текстот на четирите Евангелија, поделен на т.н. зачала (поглавја), според читањата определени за богослужбената година. Се употребува за време на богослужбите, а особено на Божествената Литургија, во нејзиниот прв дидактички дел.

3.800,00 ден
Осмогласник - I – IV глас
Осмогласник - I – IV глас

Осмогласник – I – IV глас

Октоихот (Осмогласникот) е книга наменета за певниците и пејачите. Во неа се наоѓаат служби со неменливи молитвословија и песнопенија за богослужението на седмичните денови. Во конкретниов случај, станува збор за првиот дел од Осмогласникот, кој ги содржи химните од првиот до четвртиот глас.

2.900,00 ден
Охридски пролог
Охридски пролог

Охридски пролог

Охридскиот пролог е едно од најсаканите дела на свети Николај Велимировиќ – книга што со генерации ги придружува православните домови. За секој ден од годината содржи житија на светителите и описи на празниците, кратки размисли и созерцанија, како и поучна беседа. Така, читателот секој ден се среќава со нов светител и нова поука. Тврд повез, 1238 страници.

2.900,00 ден
Служебник
Служебник

Служебник

Служебник е богослужбена книга што ги содржи возгласите, ектениите и упатствата потребни за служењето на ѓаконот за време на Светата Литургија, вечерната и утрената. Книгата претставува практичен прирачник кој му помага на свештенослужителот правилно да ја извршува својата литургиска служба во согласност со поредокот на Православната црква.

Price range: 2.700,00 ден through 2.900,00 ден
Избери опции This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Живописот во Македонија XVII – XIX век
Живописот во Македонија XVII – XIX век

Живописот во Македонија XVII – XIX век

Во ова капитално научно дело, Цветан Грозданов го истражува развојот на живописот во Македонија од XVII до XIX век, анализирајќи ги стилските, иконографските и историските особености. Преку темелна научна обработка, книгата претставува значаен придонес за проучувањето на македонското културно и духовно наследство.
2.900,00 ден
Свети Наум Охридски
Свети Наум Охридски

Свети Наум Охридски

Во ова репрезентативно издание, Цветан Грозданов, преку анализа на живописот, иконографијата и писмените извори, го истакнува значењето на ова монументално светилиште во македонското православно духовно наследство.
2.900,00 ден
Курбиново и други студии за живописот во Преспа
Курбиново и други студии за живописот во Преспа

Курбиново и други студии за живописот во Преспа

Во ова значајно научно издание, Грозданов го анализира фрескоживописот во Курбиново, како и другите споменици од преспанскиот регион, откривајќи ја нивната уметничка и духовна вредност. Книгата, објавена двојазично – на македонски и англиски јазик, претставува важен придонес за меѓународната афирмација на македонското средновековно културно и духовно наследство.
2.900,00 ден
Сет од 6 книги „Старец Пајсиј Светогорец“ [I – VI том]
Сет од 6 книги „Старец Пајсиј Светогорец“ [I – VI том]

Сет од 6 книги „Старец Пајсиј Светогорец“ [I – VI том]

Поуките на старец Пајсиј Светогорец – едноставни, топли и практични – собрани во шест тома. Со сочувство и искреност тој зборува за страдањата на современиот човек, духовното будење, борбата со страстите и христијанскиот семеен живот, поттикнувајќи молитва, смирение и трпение.

Томови:
I – „Со болка и љубов кон современиот човек“
II – „Духовно будење“
III – „Духовна борба“
IV – „Семеен живот“
V – „Страсти и добродетели“
VI – „За молитвата“

Достапен како цел сет или поединечни томови.

Томови во сетот:

  • I том: „Со болка и љубов кон современиот човек“
  • II том: „Духовно будење“
  • III том: „Духовна борба“
  • IV том: „Семеен живот“
  • V том: „Страсти и добродетели“
  • VI том: „За молитвата“
Price range: 500,00 ден through 2.600,00 ден
Избери опции This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Ирмологиј
Ирмологиј

Ирмологиј

Книга во која се наоѓаат ирмоси од канони, катавасии (од Октоихот, Триодот и Минејот). Покрај ирмосите, се среќаваат и други додатоци – разни песни што се пеат на секојдневните богослуженија.

2.600,00 ден
Часослов
Часослов

Часослов

Часословот е една од основните богослужбени книги – во него се наоѓаат неменливите молитви од дневниот круг на богослужбите.

Содржи:
– полуноќница и утрена;
– часовите и меѓучасието;
– изобразителна;
– вечерна и повечерие.

Наменет за чтеци и певци, но и за верници што сакаат да се молат со молитвите на Црквата. Тврд повез, 532 страници.

2.500,00 ден
25 години архипастирска мисија
25 години архипастирска мисија

25 години архипастирска мисија

Оваа опсежна монографија содржи детални сведоштва за животот и досегашната неуморна и плодна архипастирска мисија на митрополитот повардарски г. Агатангел. Монографијата изобилува со богат летопис од спомени и со бројни архивски фотографии.
2.480,00 ден
60 икони на Мајката Божја
60 икони на Мајката Божја

60 икони на Мајката Божја

Оваа книга претставува внимателно селектирана и богато анализирана збирка иконографски претстави на Богородица од периодот VII – XV век. Делото ги опфаќа клучните иконографски типови на Мајката Божја (Одигитрија, Елеуса, Платитера и др.), нивниот теолошки, уметнички и историски контекст, како и нивната улога во византиската и западната традиција. Книгата нуди длабинска интерпретација на симболиката, стилските карактеристики и духовната димензија на иконите, претставувајќи ја Богородица како централна фигура во христијанската уметност и духовност низ вековите. Преведувач и уредник на книгата е Тихомир Јанчовски (1967 – 2026) и ова е негово постхумно издание.
1.990,00 ден
Ерусалимски типик
Ерусалимски типик

Ерусалимски типик

Големиот Ерусалимски типик е опширен богослужбен прирачник што ги содржи како основните, така и покомплексните правила, но и редоследот на православните богослужби. Книгата претставува практичен водич за свештениците и певците, но и за верниците кои сакаат подобро да ја разберат Црквата низ призмата на богослуженијата.

1.600,00 ден
Цариградски типик
Цариградски типик

Цариградски типик

Големиот Цариградски типик е опширен богослужбен прирачник што ги содржи како основните, така и покомплексните правила, но и редоследот на православните богослужби. Книгата претставува практичен водич за свештениците и певците, но и за верниците кои сакаат подобро да ја разберат Црквата низ призмата на богослуженијата.

1.600,00 ден
Охридската архиепископија - од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт
Охридската архиепископија - од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт

Охридската архиепископија – од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт

Станува збор за исклучително обемно и капитално научно дело, посветено на историскиот развој, духовното значење и црковната улога на Охридската архиепископија. Со богат научен пристап и темелна анализа, книгата претставува значаен придонес кон проучувањето на македонската црковна и национална историја.

1.600,00 ден
Возобновување на Охридската архиепископија како Македонска православна црква и нејзиниот шематизам
Возобновување на Охридската архиепископија како Македонска православна црква и нејзиниот шематизам

Возобновување на Охридската архиепископија како Македонска православна црква и нејзиниот шематизам

Ова капитално дело опфаќа два обемни дела кои се поделени на повеќе поглавја. Во првиот дел прикажани се обидите за возобновување на Охридската архиепископија (1893 – 1919), како и прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква (1958 – 1967). Во вториот дел, пак, изложен е краток историски преглед на шематизмот (секоја епархија поединечно) на Македонската православна црква.

1.600,00 ден
Собрани дела: Слова, поуки, житија
Собрани дела: Слова, поуки, житија

Собрани дела: Слова, поуки, житија

Собраните дела на свети Климент Охридски – ученикот на светите Кирил и Методиј и прв учител на македонскиот народ – на едно место, на македонски јазик. Ова капитално издание ги собира неговите слова и поуки, заедно со житијата за неговиот живот: вистинско непроценливо богатство за секој православен дом и библиотека.

Книгата содржи:
– обемен предговор за изворите и за животот и делото на свети Климент;
– слова и поуки што со сигурност се негови;
– слова и поуки што со голема веројатност му се припишуваат;
– житија на свети Климент.

Тврд повез, 538 страници.

1.600,00 ден
Светлост од запад – животот и учењето на отец Серафим Роуз [I и II том]
Светлост од запад – животот и учењето на отец Серафим Роуз [I и II том]

Светлост од запад – животот и учењето на отец Серафим Роуз [I и II том]

Ова двотомно издание го прикажува животот и делото на отец Серафим Роуз – една од највлијателните личности во современото православие. Неговиот животен пат и духовен опит претставуваат вистинска инспирација за младиот христијанин што копнее по Бога – Изворот на животот.
1.600,00 ден