Кошничка

Продавница

Господовата трпеза
Господовата трпеза

Господовата трпеза

Книгата претставува едно од најзначајните дела на православната евхаристиска теологија. Во неа авторот ја објаснува централната улога на Светата Евхаристија во животот на Црквата, нагласувајќи дека Црквата најцелосно се пројавува во собранието околу Господовата трпеза. Книгата нуди длабоко богословско размислување за единството, заедницата и мисијата на Црквата преку Евхаристијата.

390,00 ден
Молитвеник
Молитвеник

Молитвеник

Молитвеникот е секојдневен духовен придружник што го воведува верникот во живо и лично општење со Бога. Преку утринските, вечерните и секојдневните пригодни молитви, тој го поттикнува човекот на благодарност, покајание и доверба во Божјата промисла.
400,00 ден
Светите и блажени јуродиви заради Христа
Светите и блажени јуродиви заради Христа

Светите и блажени јуродиви заради Христа

Мошне полезно четиво кое има за цел да ни го претстави подвигот на јуродивите светители преку нивните житија. Книгата содржи автентични сведоштва за најтешкиот христијански подвиг – доброволното безумство заради љубовта кон Христа.
400,00 ден
Свети Климент Охридски – хагиографија и химнографија
Свети Климент Охридски – хагиографија и химнографија

Свети Климент Охридски – хагиографија и химнографија

Оваа книга е сочинета од три главни целини кои се органски поврзани во ликот и делото на светиот Климент Охридски. Првата целина го содржи опширното житие на светиот Климент Охридски, напишано од архиепископот Теофилакт; втората го содржи краткото житие на светителот, напишано од архиепископот Хоматијан, и третата – целокупната богослужба и акатистот кон светиот Климент. Книгата претставува вистинска житејна историографија за значајноста на патронот и закрилникот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
400,00 ден
Толкување на божествената литургија
Толкување на божествената литургија

Толкување на божествената литургија

Оваа книга нуди јасно и продлабочено толкување на светата литургија – тајната над тајните – откривајќи го нејзиното богословско значење и духовна длабочина. Впрочем, таа им помага на верните да земат посвесно учество во највозвишената тајна на црквата.
400,00 ден
Животот на пресвета Богородица и нејзините чудотворни икони
Животот на пресвета Богородица и нејзините чудотворни икони

Животот на пресвета Богородица и нејзините чудотворни икони

Во оваа книга, како што наведува и самиот наслов, опишани се најзначајните моменти од земниот живот на Богомајката, како и нејзините чуда поврзани со иконите на кои таа е претставена.
420,00 ден
Свети Пајсиј Величковски
Свети Пајсиј Величковски

Свети Пајсиј Величковски

Оваа книга го претставува животот и духовниот подвиг на еден од најзначајните монашки обновители на православниот свет во XVIII век – светиот Пајсиј (Величковски). Преку неговото монашко служење, љубовта кон тихувањето и молитвата, како и преку возобновувањето на исихастичката традиција, читателот се запознава со длабочината на православната духовност.
420,00 ден
Моќта на името – за Исусовата молитва
Моќта на името – за Исусовата молитва

Моќта на името – за Исусовата молитва

Зборник со текстови од светите отци, но и од современи богослови, посветени на Исусовата молитва. Книгата го открива длабокото духовно значење на непрестајното повикување на Христовото име и неговата преобразувачка сила во животот на верникот.
420,00 ден
Посен готвач
Посен готвач

Посен готвач

Станува збор за практична и инспиративна книга со внимателно одбрани рецепти за вкусни и здрави посни јадења. Наменета за сите што постат, но и за оние што сакаат полесна и поедноставна искрана во секојдневието.
420,00 ден
Света тајна брак : Поуки на Православната Црква за бракот и семејството
Света тајна брак : Поуки на Православната Црква за бракот и семејството

Света тајна брак : Поуки на Православната Црква за бракот и семејството

Оваа книга ја објаснува смисла на бракот според учењето на Православната црква. Таа нуди поуки за љубовта, верноста, жртвата и заедничкиот живот на сопружниците. Книгата ги насочува читателите кон разбирање на бракот како заедница благословена од Бога.
420,00 ден
Беседи за животот по животот
Беседи за животот по животот

Беседи за животот по животот

Во овие беседи, архимандритот Серафим со духовна трезвеност и пастирска грижа говори за вечноста низ призмата на воскресението. Книгата нè насочува кон одговорен и буден живот, устремувајќи нѐ кон животот што продолжува по земната смрт.
420,00 ден
За постот
За постот

За постот

Оваа книга претставува избор на духовни поуки и размислувања за значењето и смислата на постот во православниот живот. Книгата потсетува дека постот не е само воздржување од храна, туку пат кон покајание, смирение и духовно обновување.
420,00 ден
Преподобен Никодим Тисмански
Преподобен Никодим Тисмански

Преподобен Никодим Тисмански

Оваа книга претставува историско-богословска студија за преподобниот Никодим Тисмански: за неговиот живот, подвиг и духовно наследство. Воедно, во неа авторот ја предочува и неговата монашка, мисионерска и книжевна дејност, како и неговото влијание во Подунавието и романските земји во XIV век.
420,00 ден
Бивствување за вечност
Бивствување за вечност

Бивствување за вечност

Збирка беседи и предавања со длабоки теолошки и философски размисли за Божјото благоволение, за онтолошката слобода на човековата волја, како и за подвигот и стремежот кон бесмртноста и вечноста.
420,00 ден
Великопосно патување кон Голгота и Воскресението
Великопосно патување кон Голгота и Воскресението

Великопосно патување кон Голгота и Воскресението

Книгата го содржи транскриптот на видеозаписите од циклусот предавања одржани по неделните литургии во манастирот Трескавец во 2024 година, на теми од Посниот триод и евангелските литургиски читања во подготвителните и великопосните недели до Велигден.
420,00 ден
Еднаш за цел живот
Еднаш за цел живот

Еднаш за цел живот

Во оваа книга, авторот нѐ запознава со повеќе етапи и аспекти од растот и развојот на личноста: младоста – како период на формирање на личноста, време за вљубување и подготовка за брак; потоа – самото стапување во брак, со сите придружни елементи и последици од брачниот живот, како раѓањето деца, абортусот, неверството, разводот; за половиот идентитет; и на крај – како да се има добар и вековит брак.
430,00 ден
Света Гора – небесна земја
Света Гора – небесна земја

Света Гора – небесна земја

Во оваа книга – која е спој од врвна монографија, живописен патепис и опитно сведоштво – светиот Гаврил Светогорец ги пренесува своите лични погледи и доживувања за Света Гора Атонска – градината на Божјата Мајка.
430,00 ден
Си беше еднаш…
Си беше еднаш…

Си беше еднаш…

Овој православен старечник за деца претставува избор на повеќе текстови од повеќе извори, како што се: Лавсаикот, Египетскиот старечник, Лимонарот, Прологот и Житијата на светителите, а исто така, преземени се раскази и од Житијата на италијанските светители, содржани во Дијалозите на светиот Григориј Велики. Впрочем, избрани се раскази кои ќе го разбудат интересот кај децата. Тие се прераскажани, за да бидат уште појасни и поедноставни. Но, сепак, треба да се нагласи дека оваа книга-сликовница не содржи бајки, туку сите настани што се прикажани во неа се вистинити.
450,00 ден
Молитвеник
Молитвеник

Молитвеник

Молитвеникот е духовен патеводител кој го води верникот во секојдневното општење со Бога. Преку бројните молитви, тој го поттикнува човекот на благодарност, покајание и доверба во Божјата промисла.Молитвеникот е духовен патеводител кој го води верникот во секојдневното општење со Бога. Преку бројните молитви, тој го поттикнува човекот на благодарност, покајание и доверба во Божјата промисла.

450,00 ден
Мисионерски записи

Мисионерски записи

Оваа книга претставува збир на размисли и примери од современиот христијански живот и мисија. Преку едноставен и жив стил, авторот зборува за верата, покајанието и предизвиците на човекот во денешниот свет. Книгата поттикнува на духовно будење и посериозен однос кон верата.
450,00 ден
За молитвата
За молитвата

За молитвата

Во оваа книга, старецот сведочи од лично духовно искуство за молитвата како жив однос и длабока средба со живиот Бог. Преку трезвени и проникливи размислувања, тој нè воведува во патот на смирението, покајанието и непрестајната молитва како срцевина на христијанскиот живот.
450,00 ден
Сродни души и други раскази
Сродни души и други раскази

Сродни души и други раскази

Збирка раскази, меѓусебно неповрзани, но со идентична сушност: непоколебливата вера во Бога и заемната сплотеност како битни претпоставки за надминување на секојдневните искушенија. Според стилот, расказите се напишани на едноставен јазик и се лесни за читање и разбирање.
460,00 ден