Кошничка

Продавница

Свето Писмо – Библија
Свето Писмо – Библија

Свето Писмо – Библија

Целосна православна Библија на македонски јазик, со Стариот и Новиот завет и девтероканонските книги – вкупно 77 книги. Изданието е наменето за христијаните од православната вероисповед и е погодно за секојдневно читање дома, во црквата или за подарок. Достапна е во две бои: бордо и црна. 1504 страници.

1.550,00 ден
Избери опции This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Синтагма - азбучен зборник на византиски црковни и државни закони и правила
Синтагма - азбучен зборник на византиски црковни и државни закони и правила

Синтагма – азбучен зборник на византиски црковни и државни закони и правила

Ова дело – чиј приредувач (превод од старословенски, анализа и коментар) е проф. д-р Александар Атанасовски – претставува значаен византиски правен зборник, во кој азбучно и систематски се изложени црковните и државните закони и правила. Книгата има огромно значење за развојот на црковното и граѓанското право во православниот свет и претставува вреден извор за проучување на византиската правна и духовна традиција.

1.480,00 ден
Проповедничка енциклопедија
Проповедничка енциклопедија

Проповедничка енциклопедија

Ова капитално дело е наменето за свештенослужители и нуди огромна инспирација за подготвување проповед. Тоа не содржи готови проповеди, туку претставува поле за размислување, помошно средство и поттик да се напредува во проповедништвото.
1.420,00 ден
Сет од 3 книги „Беседи и проповеди“  [I – III том]
Сет од 3 книги „Беседи и проповеди“  [I – III том]

Сет од 3 книги „Беседи и проповеди“ [I – III том]

Ова тритомно капитално дело ја содржи мудроста на еден од најголемите беседници и теолози во историјата на Православната црква. Книгите нудат проповедничко толкување на Светото писмо, во кое длабоката теолошка мисла е преточена на јасен и разбирлив јазик, применлив во секојдневниот живот.
1.380,00 ден
1100 години од упокојувањето на свети Наум Охридски – Зборник на трудови
1100 години од упокојувањето на свети Наум Охридски – Зборник на трудови

1100 години од упокојувањето на свети Наум Охридски – Зборник на трудови

Научен и тематски зборник посветен на животот, делото и духовното наследство на свети Наум Охридски. Во него се собрани трудови од различни автори кои од историски, теолошки и културен аспект ја обработуваат неговата улога во развојот на охридската духовна традиција. Книгата претставува значаен придонес за проучување на средновековната македонска црковна и културна историја.
1.350,00 ден
Романови – Љубовта е посилна од смртта
Романови – Љубовта е посилна од смртта

Романови – Љубовта е посилна од смртта

Ова обемно дело ги опишува житијата, страдањата и чудата на царската фамилија Романови, кои Бог ги прославил со светителски венци, бидејќи ја исполниле задачата доверена од Него – да ја чуваат државата и црквата од внатрешни и надворешни непријатели и да се трудат за духовно-моралниот напредок на народот.
1.180,00 ден
Македонија и Македонците во Библијата - библиска вистина
Македонија и Македонците во Библијата - библиска вистина

Македонија и Македонците во Библијата – библиска вистина

Оваа книга ги истражува библиските сведоштва за Македонија, Македонците и македонските цркви, со особен акцент на нивната поврзаност со мисијата на светиот апостол Павле. Авторот ги истакнува и толкува релевантните библиски места, настојувајќи да покаже дека Македонија и Македонците имаат свое јасно место во библискиот текст и во историјата на раното христијанство. Книгата е објавена двојазично – на македонски и англиски јазик.

1.100,00 ден
Свети Јован Владимир - хагиографија, химнографија и иконографија
Свети Јован Владимир - хагиографија, химнографија и иконографија

Свети Јован Владимир – хагиографија, химнографија и иконографија

Оваа книга претставува сеопфатен зборник посветен на животот, култот и духовно-уметничкото наследство на светиот Јован Владимир. Покрај хагиографските и химнографските текстови, во неа се обработени и неговите иконографски претстави во балканската уметност од XVII до XX век, со што се осветлува неговото значење во православната духовна и уметничка традиција.

1.100,00 ден
Велики руски старци
Велики руски старци

Велики руски старци

Во ова капитално дело се содржани житијата, чудесата и духовните поуки на многубројните руски светители и подвижници. Книгата претставува вистински духовен трезвеник за нашево време, опиено и заведено од гревот и страстите.
1.100,00 ден
Сет од 2 книги „Толкување на Евангелието според Марко“ и „Толкување на Евангелието според Јован“
Сет од 2 книги „Толкување на Евангелието според Марко“ и „Толкување на Евангелието според Јован“

Сет од 2 книги „Толкувања на Евангелието според Марко“ и „Толкувања на Евангелието според Јован“

Два тома толкувања на Евангелијата според светите отци на Православната црква, приредени од архимандрит Иринеј (Стефановски). Во нив се собрани и систематизирани светоотечки и современи богословски толкувања, за подлабоко разбирање на евангелскиот текст.

Јасно и разбирливо, книгите ја откриваат богословската длабочина и духовната порака на Евангелието, применлива во секојдневниот живот.

990,00 ден
Толкување на псалмите
Толкување на псалмите

Толкување на псалмите

Во оваа книга се содржани толкувањата на псалмите од светите Атанасиј Велики и Василиј Велики, како и од Евтимиј Зигабен. Овие длабоки егзегетски писанија претставуваат вистински духовен патоказ кој му помага на верникот да ја открие скриената мудрост во псалмите.
960,00 ден
Чуда Божји во  XXI век
Чуда Божји во  XXI век

Чуда Божји во XXI век

Оваа книга содржи сведоштва за бројни чудотворства, како и за исцеленија, духовни преобразби и неочекувани Божји интервенции во животот на луѓето. Преку овие записи, читателот добива силен поттик за зацврстување на својата вера, но и способност за препознавање на Божјата промисла во секојдневието.
960,00 ден
Свети Серафим Саровски – пророк на божјата љубов
Свети Серафим Саровски – пророк на божјата љубов

Свети Серафим Саровски – пророк на божјата љубов

Оваа книга го претставува животот и духовниот подвиг на светиот Серафим Саровски, сведочејќи за неговата неизмерна и самопрегорна љубов кон Бога и кон секој човек. Делото го открива неговото пророчко слово и светост како живо сведоштво за силата на Божјата благодат.
960,00 ден
Ѓаконски Служебник
Ѓаконски Служебник

Ѓаконски Служебник

Служебник е богослужбена книга што ги содржи возгласите, ектениите и упатствата потребни за служењето на ѓаконот за време на Светата Литургија, вечерната и утрената. Книгата претставува практичен прирачник кој му помага на ѓаконот правилно да ја извршува својата литургиска служба во согласност со поредокот на Православната црква.
920,00 ден
Аскетски опити
Аскетски опити

Аскетски опити

Во ова бележито дело се дава трезвено и длабоко проучување за внатрешната борба, очистувањето на срцето и правилниот духовен живот. Потпирајќи се на светоотечкото предание, авторот предупредува на духовните прелести и го води читателот кон смирение, покајание и вистинско богопознание.
920,00 ден
Пат на небо
Пат на небо

Пат на небо

Оваа книга ги води читателите по сигурниот пат кон спасението преку покајание, молитва и живо исполнување на Божјите заповеди. Со едноставен, но длабок јазик, старец Клеопа објаснува како човекот може да се бори со страстите, да ја зачува верата во искушенија и да изгради вистински однос со Бога.
890,00 ден
Свети Лука Војно – Јасеницки, Христов лекар и исцелител од последните времиња
Свети Лука Војно – Јасеницки, Христов лекар и исцелител од последните времиња

Свети Лука Војно – Јасеницки, Христов лекар и исцелител од последните времиња

Станува збор за обемно и содржајно дело во кое се вклучени житието на светителот, како и неговите пишани дела, поуки и беседи, полезни и поучни за сите христијани.
880,00 ден