Кошничка

Продавница

Поуки
Поуки

Поуки

Оваа книга, која содржи поуки од еден од најпознатите современи старци на овие простори, но и ширум светот, нѐ поучува на една непобитна вистина: какви ни се мислите, таков ни е и животот. Поуките се јасни и концизни, наменети за секој што сака да навлезе подлабоко во тајната на духовниот живот.
460,00 ден
Така словеше Ангелариј
Така словеше Ангелариј

Така словеше Ангелариј

Станува збор за зборник – избор од словата, беседите, проповедите и другите искажувања и пораки на блаженоупокоениот архиепископ охридски и македонски, Ангелариј. Севкупноста на неговите обраќања се темели на богољубието, братољубието и родољубието. Речит и слоевит, архиепископот Ангелариј остави длабока трага во современата историја на возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква.

460,00 ден
Мојата прва Библија во слики
Мојата прва Библија во слики

Мојата прва Библија во слики

Оваа книга содржи бројни библиски приказни, раскажани на јасен и едноставен начин, погоден за деца од најмала возраст. Нејзината содржина, освен со кратки текстови за најважните библиски настани, е разубавена и со живописни илустрации, кои помагаат да се доловат пораката и поуката на дадениот текст. По секоја библиска сторија следуваат и прашања со кои се проверува дали прочитаната содржина е разбрана и усвоена.
470,00 ден
Беседи за покајанието
Беседи за покајанието

Беседи за покајанието

Во овие беседи, свети Јован Златоуст со силен пастирски глас го открива покајанието како постојан повик кон преобразба и враќање кон Бога. Воедно, тој покажува дека покајанието е пат на надеж, исцеление и обновување на човековата заедница со Христос.
470,00 ден
Павле – Апостолот на народите

Павле – Апостолот на народите

Книгата претставува духовно и поучно дело посветено на животот, апостолското дело и мисијата на светиот апостол Павле, еден од најзначајните проповедници на Христовото Евангелие и апостол на народите. Преку неа читателот се запознава со неговото чудесно преобраќање, подвигот, страдањата и неуморната проповед на Евангелието – живот што сведочи за силата на верата, љубовта кон Христа и целосното посветување на човекот на Божјата служба.

470,00 ден
Христијанска етика
Христијанска етика

Христијанска етика

Во оваа книга на концизен начин се објаснети следниве тематики: за човекот како морално битие; за гревот (општо, но и за првородниот) и за последиците од него; за слободната волја; за верата, надежта и љубовта и слично. Авторот на оваа книга, почитуваниот професор Борис Бошковски, е автор и на добропознатите книги „Верата на нашите татковци“ и „Свети Јован Шангајски“.
480,00 ден
Да ја претвориш туѓата болка во своја: Поуки на светогорскиот старец Пајсиј
Да ја претвориш туѓата болка во своја: Поуки на светогорскиот старец Пајсиј

Да ја претвориш туѓата болка во своја: Поуки на светогорскиот старец Пајсиј

Во оваа книга авторот ги пренесува духовните поуки на светогорскиот старец Пајсиј за љубовта која сострадува. Книгата нѐ учи дека вистинската духовност се открива во самопрегорната љубов, во смирението и во живото учество во страданијата на ближниот.
480,00 ден
Летај Високо – Живот како молитва
Летај Високо – Живот како молитва

Летај Високо – Живот како молитва

Лична и топла книга на протојереј Сергиј Баранов за животот како молитва.

Во неа ќе најдете:
– доживувања од посетата на Светата земја;
– размисли од читањето на Светото писмо и за Христовиот живот;
– записи за Исусовата молитва, богобарањето и Божјите заповеди;
– полезни прашања и одговори на крајот.

Мек повез, 193 страници.

480,00 ден
За верата, неверувањето и сомневањето
За верата, неверувањето и сомневањето

За верата, неверувањето и сомневањето

Оваа книга проникливо ги разгледува верата, неверувањето и сомневањето како духовни состојби што го придружуваат човекот на неговиот пат кон Бога. Со пастирска мудрост и лично искуство, авторот покажува дека и сомнежот може да стане почеток на подлабока и посилна вера. Книгата нуди охрабрување и духовно раководство за сите што искрено ја бараат Вистината – Христос.

480,00 ден
Јас освен Христа ништо немам
Јас освен Христа ништо немам

Јас освен Христа ништо немам

Во оваа книга се опфатени следниве поглавја: житие и богослужба (и на црковнословенски и на македонски јазик) за светата преподобномаченичка Стефанида битолско-скадарска, како и нејзините прекрасни исповедни писма во чиј центар се наоѓа Христос – нашиот Господ и Спасител.

480,00 ден
Нов завет
Нов завет

Нов завет

Ова издание на Новиот завет е прв превод на македонски јазик од изворниот грчки текст. Истото е поразбирливо за помладите поколенија, притоа верно пренесувајќи ја новозаветната содржина, согласно со карактеристиките на современиот македонски јазик.
490,00 ден
Да се види Бог каков што Он е
Да се види Бог каков што Он е

Да се види Бог каков што Он е

Старецот Софрониј во ова дело ја разработува длабочината на личното богопознание преку молитвата, покајанието и живото општење со Бога. Книгата претставува сведоштво за искуството на несоздадената светлина и патот кон вистинската заедница со Бога во Црквата.
490,00 ден
Евхаристиско богословие
Евхаристиско богословие

Евхаристиско богословие

Во ова значајно богословско дело, Шмеман ја открива Евхаристијата како срцевина и извор на животот на Црквата. Со длабочина и јасност, тој покажува дека Литургијата е живо искуство на Царството Божјо во заедницата на верните.
490,00 ден
Преподобен Јосиф Исихаст
Преподобен Јосиф Исихаст

Преподобен Јосиф Исихаст

Оваа книга е посветена на животот и духовното наследство на преподобниот Јосиф Исихаст, еден од најзначајните православни подвижници на XX век. Во неа се содржани две поткниги: „Десетгласна духодвижна труба на старецот“, која ги пренесува неговите духовни совети и поуки, и „Овој живот – арена за борба“, која говори за духовната борба што секој христијанин ја води на патот кон спасението. Преку едноставни, но длабоки поуки, старецот Јосиф ги охрабрува верните на молитва, покајание и доверба во Божјата промисла. Книгата претставува драгоцено четиво за сите што сакаат да го продлабочат својот духовен живот и да се запознаат со исихастичката традиција на Православната црква.
490,00 ден
Евхаристија
Евхаристија

Евхаристија

Оваа книга содржи длабоко богословско и литургиско толкување на Светата Литургија како средиште на животот на Црквата. Авторот го разгледува историскиот развој, симболиката и духовната смисла на евхаристиското богослужение, откривајќи го неговото суштинско значење за православната вера. Делото претставува значаен придонес кон православната литургиска мисла и е драгоцено четиво за сите што сакаат подлабоко да ја разберат тајната на Евхаристијата.

490,00 ден
Псалтир
Псалтир

Псалтир

Псалтирот е книгата која се користи во богослуженијата преку целата година – збирка псалми, поетски молитви напишани од различни автори и во различно време.

Изданието содржи:
– превод од старогрчки јазик, според Септуагинта;
– обемен вовед со богати податоци за псалмите;
– поделба на псалмите на катизми;
– распоред за нивно читање на богослуженијата преку целата година.

500,00 ден
Лествица
Лествица

Лествица

Лествица на свети Јован Лествичник е едно од најчитаните аскетски дела во Православната црква. Духовниот живот е прикажан како искачување по скала: секое скалило е борба со една страст и стекнување на една добродетел, со смирението и послушанието како водичи.

Опитен водич за внатрешното очистување и за љубовната заедница со Бога.

500,00 ден
Библиски приказни за деца
Библиски приказни за деца

Библиски приказни за деца

Во оваа книга, приказните не се подредени според библискиот хронолошки редослед, туку се тематски групирани во три главни категории: „Ти“, „Ти и другите“ и „Ти и светот“. Расказите се романизирани и повремено содржат имиња или детали кои не се спомнуваат во библиските текстови. Целта е, низ призмата на Библијата, да се прикаже животната реалност, но и секојдневните предизвици со кои се соочуваат децата. На тој начин, тие добиваат поширока перспектива во која можат да се почувствуваат сакани, разбрани и заштитени од Бог.
500,00 ден
Старец Пајсиј Светогорец
Старец Пајсиј Светогорец

Старец Пајсиј Светогорец

Старец Пајсиј Светогорец е современ православен светител, познат по својата длабока мудрост, смирение и несебична љубов кон луѓето. Неговите поуки се едноставни и насочени кон покајанието, смирението и евангелскиот живот, втемелен врз самопрегорната љубов. Преку лични совети и духовни примери, тој останува жив духовен патеводител за верниците и денес.

500,00 ден
Христијанска историја
Христијанска историја

Христијанска историја

Оваа книга претставува јасен и систематски преглед на развојот на христијанската црква низ вековите. Во неа се опфатени трите значајни периода – од основањето на Црквата и времето на тешките гонења, преку причините за свикување на вселенските собори и догматските учења произлезени од нив, па сѐ до периодот на Големиот раскол од 1054 година, со осврт на папството и униите.
500,00 ден
Богородичен псалтир
Богородичен псалтир

Богородичен псалтир

Станува збор за Псалтир посветен на Пресвета Богородица, составен според примерот на Давидовиот Псалтир. Читајќи го, верникот пројавува возвишен израз на благодарност, покајание и надеж во нејзиното мајчинско застапништво пред Бога.
500,00 ден