Кошничка

Продавница

Сет од 2 книги „Црковна историја на македонскиот народ“ [I и II том]
Сет од 2 книги „Црковна историја на македонскиот народ“ [I и II том]

Сет од 2 книги „Црковна историја на македонскиот народ“ [I и II том]

Првиот том ги опфаќа следните содржини: кус осврт за Античка Македонија; ширењето на христијанството на македонските простори, дејноста на светите браќа Кирил и Методиј и на нивните свети ученици, како и појавата на богомилското движење; Охридската архиепископија – од нејзиното основање, па сѐ до забраната на нејзината дејност. Вториот том ги опфаќа следните содржини: духовниот живот во XIX век; создавањето на Егзархијата и нејзината пропаганда; обидите за обнова на Охридската архиепископија; грчката, српската и римокатоличката пропаганда во Македонија; периодот на двете балкански и на двете светски војни, како и последиците од нив; историјата на Македонската православна црква – сѐ до прогласувањето автокефалност.

820,00 ден
Свети исповедници и праведници Спасе Вевчански и Спаса Вишенска
Свети исповедници и праведници Спасе Вевчански и Спаса Вишенска

Свети исповедници и праведници Спасе Вевчански и Спаса Вишенска

Во оваа книга опфатено е житието на светите исповедници и праведници Спасе Вевчански и Спаса Вишенска, како и нивните чуда и застапништва. Исто така, во неа се содржани и богослужбата и акатистот во нивна чест.
780,00 ден
Агиологија
Агиологија

Агиологија

Низ осум поглавја, оваа книга-учебник го дефинира местото на агиологијата во општествените науки, ги анализира најзначајните источни агиографски текстови и автори, теолошки класифицирајќи ги различните светителски ликови (како што се ликовите на Богородица, апостолите, мачениците и праведниците). Книгата детално ги обработува историските и духовните аспекти на препознавањето, почитувањето и канонизацијата на светителите, со посебен фокус на нивните чуда и светите мошти.
780,00 ден
Средба со Бог
Средба со Бог

Средба со Бог

Станува збор за збирка духовни беседи за верата, молитвата, покајанието и живиот однос на човекот со Бог. Напросто, секоја беседа го поттикнува читателот кон богокопнежливост – првото скалило на духовниот живот.
780,00 ден
Сет од 2 книги „Оптински старци“ [I и II том]
Сет од 2 книги „Оптински старци“ [I и II том]

Сет од 2 книги „Оптински старци“ [I и II том]

Ова двотомно издание претставува сведоштво за длабокото духовно искуство и старечко расудување на познатите оптински подвижници. Преку нивните поуки, разговори и животни примери, читателот се воведува во тајната на молитвата, смирението, послушанието и љубовта, како жив пат кон вистинска заедница со Бога.
720,00 ден
Отворена Библија
Отворена Библија

Отворена Библија

Оваа книга во целиот христијански свет е позната како „водич низ Светото писмо“. Таа содржи куси резимеа, нагласување на важни прашања, клучни цитати и извадоци, како и суштински информации за историскиот контекст и слично. „Отворената Библија“ ги истражува текстовите на старозаветните и новозаветните списи, укажувајќи на тоа зошто таа зазема толку важно место во светската култура и зошто нејзините пораки се релевантни и за денешните читатели.
700,00 ден
Цркви и манастири во Македонија • Churches and Monasteries in Macedonia
Цркви и манастири во Македонија • Churches and Monasteries in Macedonia

Цркви и манастири во Македонија • Churches and Monasteries in Macedonia

Во оваа двојазична (македонско-англиска) книга содржани се историјатите, но и мапите, фреските и иконите на бројни цркви и манастири во Македонија. Книгата претставува непресушен извор на информации поврзани со најбележитите македонски духовни светилишта.

690,00 ден
Зборник на проповеди
Зборник на проповеди

Зборник на проповеди

Овој обемен зборник опфаќа бројни проповеди за светителските празници. Тие изобилуваат со повик за постојана евангелска будност пред предизвиците со кои се соочуваме во овој бурен и неизвесен живот.
690,00 ден
Соборен храм Свети Климент Охридски – 30 години од осветувањето
Соборен храм Свети Климент Охридски – 30 години од осветувањето

Соборен храм Свети Климент Охридски – 30 години од осветувањето

Оваа бележита монографија опфаќа повеќе текстови за Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје. Во нив е претставен историјатот на изградбата, осветувањето, живописот, како и духовната и културната вредност на храмот. Воедно, низ страниците се провлекуваат и текстови кои ја претставуваат молитвата во Стариот завет како претеча на онаа во Новиот, но и молитвата како израз на човековата љубов кон Бога и кон целиот свет.
680,00 ден
Катихетски беседи
Катихетски беседи

Катихетски беседи

Овие бележити беседи претставуваат безвременски патокази за секој оној што трага по автентично духовно искуство и по жива средба со Бог. Преку своите вдахновени поуки, авторот нè повикува да излеземе од рамките на формалната религиозност и да го откриеме внатрешното дејство на божествената светлина во нашето срце. Ова дело е вистинско духовно богатство кое нуди длабоки одговори за покајанието, љубовта и преобразувањето на личноста.

Книгата е преведена од српски јазик, превод протоереј–ставрофор Игор Никовски.

Превод на делото: Kathhtikoi logoi / Symeon O Neos Theologos

680,00 ден
Патокази за вечност
Патокази за вечност

Патокази за вечност

Оваа збирка претставува ризница од куси, но моќни духовни беседи. Таа е замислена како духовен водич низ секојдневието, напишан на начин што е лесно разбирлив и применлив за современиот човек.
670,00 ден
Историја на македонскиот народ
Историја на македонскиот народ

Историја на македонскиот народ

о оваа книга се опфатени повеќе историски периоди на македонскиот народ. На јасен и концизен начин се опишани раздобјата од Античка Македонија, па сѐ до Третото заседание на АСНОМ и изборот на првата влада. Книгата изобилува со корисни информации поврзани со историскиот развој на Македонија.
670,00 ден
Голем е Бог – старец Клеопа
Голем е Бог – старец Клеопа

Голем е Бог – старец Клеопа

Оваа книга, напишана од познатиот и опитен романски старец Илие Клеопа, е исполнета со живо сведоштво за Божјата сила и промисла. Преку поучни сказанија и едноставен, но длабок јазик, старецот ги зацврстува верата и надежта кај читателот. Делото повикува на покајание, смирение и, што е најважно, на доверба во Бога.
670,00 ден
Искачување кон воскресение
Искачување кон воскресение

Искачување кон воскресение

Во оваа обемна книга опфатени се проповедите на еден од најславните романски духовници – старец Клеопа. Во нив е проткаен сиот духовен и животен опит на старецот, втемелен врз надежта во воскресението – сржта на нашата вера.
650,00 ден
Пастирска помош за душевно болни
Пастирска помош за душевно болни

Пастирска помош за душевно болни

Оваа книга претставува пастирско сведоштво за пристапот кон душевното страдање. Со сочувство и духовна расудливост, авторот нуди поуки и насоки за помош, утеха и духовно исцеление на човекот.
650,00 ден
Искачување кон воскресение
Искачување кон воскресение

Искачување кон воскресение

Во оваа обемна книга опфатени се проповедите на еден од најславните романски духовници – старец Клеопа. Во нив е проткаен сиот духовен и животен опит на старецот, втемелен врз надежта во воскресението – сржта на нашата вера.
650,00 ден
Библиска читанка
Библиска читанка

Библиска читанка

Библиската читанка е поделена на два дела: Стар завет и Нов завет. Таа ги опфаќа најзначајните и највпечатливите библиски настани. Изданието е збогатено со бројни илустрации и со прилагоден текст за деца. Главната сижетна линија на оваа илустрирана Библија започнува со создавањето на светот и со чудесните дела што Бог ги направил во животот на израилскиот народ; продолжува со Божјото ветување и со добрата вест за доаѓањето на Господ Исус Христос на земјата, а завршува со исполнувањето на Неговото спасително дело.
650,00 ден
За животот во Христа
За животот во Христа

За животот во Христа

Во ова дело, свети Никола Кавасила го претставува христијанскиот живот како реално учество во животот на Христа преку светите тајни. Со прониклив богословски јазик, тој покажува дека спасението не е апстрактна идеја, туку жив и евхаристиски живот во Црквата.
640,00 ден
Свети Нектариј Егински
Свети Нектариј Егински

Свети Нектариј Егински

Оваа книга го претставува животот и духовното сведоштво на светиот Нектариј Егински – еден од најпочитуваните современи светители. Таа сведочи за неговото трпение во страданијата, но и за неговиот кроток и благ лик, кој претставува репер за сите христијани.
620,00 ден
Евангелска катихеза
Евангелска катихеза

Евангелска катихеза

Оваа книга претставува кратко евангелско вероучение во коешто се испреплетуваат три значајни дела: прв дел (вовед во Библијата: општо за Библијата, за потеклото на зборот „Библија“ и за четирите Евангелија), втор дел (претставување, во колони, на изворниот евангелски текст) и трет дел (толкување на текстот од колоните, според традиционалното учење на Црквата). Преку овој прирачник се овозможува правилно и полесно разбирање на пораките коишто се содржани во Евангелијата, но и општо – во Новиот завет.
620,00 ден
Старец Силуан
Старец Силуан

Старец Силуан

Ова духовно четиво го претставува светлиот лик и поуките на општопознатиот старец Силуан Атонски, сведочејќи за длабочината на неговото смирение, љубов и непрестајна молитва. Книгата го поттикнува читателот кон внатрешно покајание и кон она најважното – вистинското богопознание.
620,00 ден