Кошничка

Продавница

Флавијан
Флавијан

Флавијан

Овој православен бестселер раскажува за животот и духовниот пат на Флавијан, преку длабоки разговори и поучни примери. Книгата отвора прашања за верата, љубовта и смислата на страдањето, водејќи го читателот кон покајание и внатрешна преобразба.
620,00 ден
Беседи на неподвижните Господови и Богородични празници
Беседи на неподвижните Господови и Богородични празници

Беседи на неподвижните Господови и Богородични празници

Оваа книга содржи бројни беседи во кои архимандритот Георгиј Капсанис (1935 – 2014) – игумен на светогорскиот манастир Григоријат и еден од најзначајните современи отци на Црквата – му помага на читателот што е можно повеќе да Го возљуби Христос, да го посака подвигот, да го жртвува својот егоизам, да покаже љубов, да ја извршува Божјата волја и да се соедини со Бог.
620,00 ден
Апостол
Апостол

Апостол

Апостол е богослужбена книга што ги содржи Делата на светите апостоли и апостолските посланија, кои се читаат на Светата литургија и на други богослужби во текот на црковната година. Преку овие читања, верните се поучуваат во верата, животот и учењето на Христовите ученици – апостоли.

600,00 ден
По стапките на светиот апостол Павле
По стапките на светиот апостол Павле

По стапките на светиот апостол Павле

Од самата содржина на оваа книга може да се забележи дека истата е посветена на личноста и на мисионерското дело на Павле – апостолот на народите. Книгата е неприкосновен прирачник во којшто сликовито е опишан животот на апостолот (од родното место Тарс, па сѐ до неговото преобраќање на патот кон Дамаск), а воедно детално е предочена и неговата неуморна мисија во ширењето на христијанството преку бележитите мисионерски патувања. Книгата претставува автентична градација на Павловиот животен тек и истата е полезно четиво за сите оние коишто сакаат да добијат појасна слика за настаните опишани во книгата „Дела апостолски“, како и во Павловите посланија.
590,00 ден
Охридската архиепископија (патријаршија) во рамките на Отоманската империја (1394 – 1767)
Охридската архиепископија (патријаршија) во рамките на Отоманската империја (1394 – 1767)

Охридската архиепископија (патријаршија) во рамките на Отоманската империја (1394 – 1767)

Книгата ја обработува историјата, црковно-правниот статус и развојот на Охридската архиепископија (патријаршија) во периодот на османлиското владеење. Особено внимание е посветено на нејзината организација, архиепископите и односите со Османлиската држава.

580,00 ден
Новиот завет
Новиот завет

Новиот завет

Новиот завет на македонски јазик – четирите Евангелија, Делата апостолски, посланијата и Откровението – во издание погодно за секојдневно читање и за подарок. Текстот е преземен од ревидираното издание на Светото писмо од 2006 година.

Мек повез од квалитетна еко-кожа, 665 страници.

570,00 ден
Мојот живот со старец Јосиф
Мојот живот со старец Јосиф

Мојот живот со старец Јосиф

Оваа книга претставува лично и длабоко сведоштво за духовниот живот и подвигот на старец Јосиф, видени низ искуството на неговиот ученик. Таа открива тајни на монашкото предание, послушанието и молитвата, како пат кон духовно созревање и единство со Бога.
570,00 ден
Старец Јосиф Исихаст
Старец Јосиф Исихаст

Старец Јосиф Исихаст

Зборник од писма кои содржат скапоцени поуки за молитвата и за средбата со Бога, произлезени од долгогодишното лично искуство и подвизи на старецот. Писанијата служат како жив патоказ за сите верници кои копнеат по љубовна заедница со Бога.
570,00 ден
Господи, името ти е љубов
Господи, името ти е љубов

Господи, името ти е љубов

Оваа книга ги пренесува молитвените размисли и духовните поуки на свети Јован Кронштадски, исполнети со длабока љубов кон Бога и кон ближните. Таа го открива неговото живо богословие и горештата вера како пат кон внатрешно преобразување.
550,00 ден
Давидов псалтир
Давидов псалтир

Давидов псалтир

Давидовиот Псалтир претставува срцевина на молитвеното предание на Црквата и темел на нејзиниот богослужбен живот. Псалмите, поделени на катизми за секојдневно читање, се извор на покајание, благодарност и надеж и претставуваат неисцрпна ризница на молитви за секој верник.
540,00 ден
Писма на вечното спасение
Писма на вечното спасение

Писма на вечното спасение

Во овие духовни писма, свети Теофан Затворник со татковска грижа го води читателот по патот на внатрешното преумување и постојаното созерцание за животот како Божји дар. Неговите поуки се едноставни и длабоки, вкоренети во надежта за вечноста.
520,00 ден
Свети Атанасиј Велики – житие и дела
Свети Атанасиј Велики – житие и дела

Свети Атанасиј Велики – житие и дела

Оваа книга ја претставува личноста и богословската борба на еден од најголемите отци на Црквата – светиот Атанасиј Велики. Во неа е опишан неговиот живот, но и неговите значајни дела во одбрана на православното учење.
520,00 ден
Како да се излечат болестите на душата
Како да се излечат болестите на душата

Како да се излечат болестите на душата

Оваа книга нуди духовно-пастирски одговори за внатрешните рани и страсти на човекот, водејќи го читателот кон покајание и духовно исцеление. Преку јасни и практични поуки, авторот истакнува дека вистинското исцеление на душевните болести се остварува преку заедницата со Христос – Лекарот на душите и на телата.
520,00 ден
Псалми
Псалми

Псалми

Псалмите претставуваат збирка на поетски текстови напишани од различни автори, во различно време и со различен карактер. Ова издание се карактеризира со обемен вовед и е превод директно од староеврејски јазик, што овозможува автентичен пристап до оригиналниот поетски израз. За разлика од другото издание, ова не е поделено на катизми, што овозможува непречено читање и фокус на самата поезија и содржина.
500,00 ден
Катихизис – вовед во верата на Православната црква
Катихизис – вовед во верата на Православната црква

Катихизис – вовед во верата на Православната црква

Во овој тематски катихизис опфатени се основите на христијанската православна вера: за Божјото откровение, Светото предание и Светото писмо; за Црквата како Тело Христово; за Никео-цариградскиот Символ на верата; учењата на Црквата за Света Троица, за Богочовекот Христос, за Светиот Дух и за Пресвета Богородица; за светите тајни, за молитвата „Оче наш“ и Блаженствата, како и за Господовите и Богородичните празници.
500,00 ден
Богородичен псалтир
Богородичен псалтир

Богородичен псалтир

Станува збор за Псалтир посветен на Пресвета Богородица, составен според примерот на Давидовиот Псалтир. Читајќи го, верникот пројавува возвишен израз на благодарност, покајание и надеж во нејзиното мајчинско застапништво пред Бога.
500,00 ден
Христијанска историја
Христијанска историја

Христијанска историја

Оваа книга претставува јасен и систематски преглед на развојот на христијанската црква низ вековите. Во неа се опфатени трите значајни периода – од основањето на Црквата и времето на тешките гонења, преку причините за свикување на вселенските собори и догматските учења произлезени од нив, па сѐ до периодот на Големиот раскол од 1054 година, со осврт на папството и униите.
500,00 ден
Старец Пајсиј Светогорец
Старец Пајсиј Светогорец

Старец Пајсиј Светогорец

Старец Пајсиј Светогорец е современ православен светител, познат по својата длабока мудрост, смирение и несебична љубов кон луѓето. Неговите поуки се едноставни и насочени кон покајанието, смирението и евангелскиот живот, втемелен врз самопрегорната љубов. Преку лични совети и духовни примери, тој останува жив духовен патеводител за верниците и денес.

500,00 ден
Библиски приказни за деца
Библиски приказни за деца

Библиски приказни за деца

Во оваа книга, приказните не се подредени според библискиот хронолошки редослед, туку се тематски групирани во три главни категории: „Ти“, „Ти и другите“ и „Ти и светот“. Расказите се романизирани и повремено содржат имиња или детали кои не се спомнуваат во библиските текстови. Целта е, низ призмата на Библијата, да се прикаже животната реалност, но и секојдневните предизвици со кои се соочуваат децата. На тој начин, тие добиваат поширока перспектива во која можат да се почувствуваат сакани, разбрани и заштитени од Бог.
500,00 ден
Лествица
Лествица

Лествица

Лествица на свети Јован Лествичник е едно од најчитаните аскетски дела во Православната црква. Духовниот живот е прикажан како искачување по скала: секое скалило е борба со една страст и стекнување на една добродетел, со смирението и послушанието како водичи.

Опитен водич за внатрешното очистување и за љубовната заедница со Бога.

500,00 ден
Псалтир
Псалтир

Псалтир

Псалтирот е книгата која се користи во богослуженијата преку целата година – збирка псалми, поетски молитви напишани од различни автори и во различно време.

Изданието содржи:
– превод од старогрчки јазик, според Септуагинта;
– обемен вовед со богати податоци за псалмите;
– поделба на псалмите на катизми;
– распоред за нивно читање на богослуженијата преку целата година.

500,00 ден
Евхаристија
Евхаристија

Евхаристија

Оваа книга содржи длабоко богословско и литургиско толкување на Светата Литургија како средиште на животот на Црквата. Авторот го разгледува историскиот развој, симболиката и духовната смисла на евхаристиското богослужение, откривајќи го неговото суштинско значење за православната вера. Делото претставува значаен придонес кон православната литургиска мисла и е драгоцено четиво за сите што сакаат подлабоко да ја разберат тајната на Евхаристијата.

490,00 ден