Кошничка

Продавница

Пастирска помош за душевно болни
Пастирска помош за душевно болни

Пастирска помош за душевно болни

Оваа книга претставува пастирско сведоштво за пристапот кон душевното страдање. Со сочувство и духовна расудливост, авторот нуди поуки и насоки за помош, утеха и духовно исцеление на човекот.
650,00 ден
Искачување кон воскресение
Искачување кон воскресение

Искачување кон воскресение

Во оваа обемна книга опфатени се проповедите на еден од најславните романски духовници – старец Клеопа. Во нив е проткаен сиот духовен и животен опит на старецот, втемелен врз надежта во воскресението – сржта на нашата вера.
650,00 ден
Голем е Бог – старец Клеопа
Голем е Бог – старец Клеопа

Голем е Бог – старец Клеопа

Оваа книга, напишана од познатиот и опитен романски старец Илие Клеопа, е исполнета со живо сведоштво за Божјата сила и промисла. Преку поучни сказанија и едноставен, но длабок јазик, старецот ги зацврстува верата и надежта кај читателот. Делото повикува на покајание, смирение и, што е најважно, на доверба во Бога.
670,00 ден
Историја на македонскиот народ
Историја на македонскиот народ

Историја на македонскиот народ

о оваа книга се опфатени повеќе историски периоди на македонскиот народ. На јасен и концизен начин се опишани раздобјата од Античка Македонија, па сѐ до Третото заседание на АСНОМ и изборот на првата влада. Книгата изобилува со корисни информации поврзани со историскиот развој на Македонија.
670,00 ден
Патокази за вечност
Патокази за вечност

Патокази за вечност

Оваа збирка претставува ризница од куси, но моќни духовни беседи. Таа е замислена како духовен водич низ секојдневието, напишан на начин што е лесно разбирлив и применлив за современиот човек.
670,00 ден
Катихетски беседи
Катихетски беседи

Катихетски беседи

Овие бележити беседи претставуваат безвременски патокази за секој оној што трага по автентично духовно искуство и по жива средба со Бог. Преку своите вдахновени поуки, авторот нè повикува да излеземе од рамките на формалната религиозност и да го откриеме внатрешното дејство на божествената светлина во нашето срце. Ова дело е вистинско духовно богатство кое нуди длабоки одговори за покајанието, љубовта и преобразувањето на личноста.

Книгата е преведена од српски јазик, превод протоереј–ставрофор Игор Никовски.

Превод на делото: Kathhtikoi logoi / Symeon O Neos Theologos

680,00 ден
Соборен храм Свети Климент Охридски – 30 години од осветувањето
Соборен храм Свети Климент Охридски – 30 години од осветувањето

Соборен храм Свети Климент Охридски – 30 години од осветувањето

Оваа бележита монографија опфаќа повеќе текстови за Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје. Во нив е претставен историјатот на изградбата, осветувањето, живописот, како и духовната и културната вредност на храмот. Воедно, низ страниците се провлекуваат и текстови кои ја претставуваат молитвата во Стариот завет како претеча на онаа во Новиот, но и молитвата како израз на човековата љубов кон Бога и кон целиот свет.
680,00 ден
Зборник на проповеди
Зборник на проповеди

Зборник на проповеди

Овој обемен зборник опфаќа бројни проповеди за светителските празници. Тие изобилуваат со повик за постојана евангелска будност пред предизвиците со кои се соочуваме во овој бурен и неизвесен живот.
690,00 ден
Цркви и манастири во Македонија • Churches and Monasteries in Macedonia
Цркви и манастири во Македонија • Churches and Monasteries in Macedonia

Цркви и манастири во Македонија • Churches and Monasteries in Macedonia

Во оваа двојазична (македонско-англиска) книга содржани се историјатите, но и мапите, фреските и иконите на бројни цркви и манастири во Македонија. Книгата претставува непресушен извор на информации поврзани со најбележитите македонски духовни светилишта.

690,00 ден
Отворена Библија
Отворена Библија

Отворена Библија

Оваа книга во целиот христијански свет е позната како „водич низ Светото писмо“. Таа содржи куси резимеа, нагласување на важни прашања, клучни цитати и извадоци, како и суштински информации за историскиот контекст и слично. „Отворената Библија“ ги истражува текстовите на старозаветните и новозаветните списи, укажувајќи на тоа зошто таа зазема толку важно место во светската култура и зошто нејзините пораки се релевантни и за денешните читатели.
700,00 ден
Сет од 2 книги „Оптински старци“ [I и II том]
Сет од 2 книги „Оптински старци“ [I и II том]

Сет од 2 книги „Оптински старци“ [I и II том]

Ова двотомно издание претставува сведоштво за длабокото духовно искуство и старечко расудување на познатите оптински подвижници. Преку нивните поуки, разговори и животни примери, читателот се воведува во тајната на молитвата, смирението, послушанието и љубовта, како жив пат кон вистинска заедница со Бога.
720,00 ден
Средба со Бог
Средба со Бог

Средба со Бог

Станува збор за збирка духовни беседи за верата, молитвата, покајанието и живиот однос на човекот со Бог. Напросто, секоја беседа го поттикнува читателот кон богокопнежливост – првото скалило на духовниот живот.
780,00 ден
Агиологија
Агиологија

Агиологија

Низ осум поглавја, оваа книга-учебник го дефинира местото на агиологијата во општествените науки, ги анализира најзначајните источни агиографски текстови и автори, теолошки класифицирајќи ги различните светителски ликови (како што се ликовите на Богородица, апостолите, мачениците и праведниците). Книгата детално ги обработува историските и духовните аспекти на препознавањето, почитувањето и канонизацијата на светителите, со посебен фокус на нивните чуда и светите мошти.
780,00 ден
Свети исповедници и праведници Спасе Вевчански и Спаса Вишенска
Свети исповедници и праведници Спасе Вевчански и Спаса Вишенска

Свети исповедници и праведници Спасе Вевчански и Спаса Вишенска

Во оваа книга опфатено е житието на светите исповедници и праведници Спасе Вевчански и Спаса Вишенска, како и нивните чуда и застапништва. Исто така, во неа се содржани и богослужбата и акатистот во нивна чест.
780,00 ден
Сет од 2 книги „Црковна историја на македонскиот народ“ [I и II том]
Сет од 2 книги „Црковна историја на македонскиот народ“ [I и II том]

Сет од 2 книги „Црковна историја на македонскиот народ“ [I и II том]

Првиот том ги опфаќа следните содржини: кус осврт за Античка Македонија; ширењето на христијанството на македонските простори, дејноста на светите браќа Кирил и Методиј и на нивните свети ученици, како и појавата на богомилското движење; Охридската архиепископија – од нејзиното основање, па сѐ до забраната на нејзината дејност. Вториот том ги опфаќа следните содржини: духовниот живот во XIX век; создавањето на Егзархијата и нејзината пропаганда; обидите за обнова на Охридската архиепископија; грчката, српската и римокатоличката пропаганда во Македонија; периодот на двете балкански и на двете светски војни, како и последиците од нив; историјата на Македонската православна црква – сѐ до прогласувањето автокефалност.

820,00 ден
Свети Лука Војно – Јасеницки, Христов лекар и исцелител од последните времиња
Свети Лука Војно – Јасеницки, Христов лекар и исцелител од последните времиња

Свети Лука Војно – Јасеницки, Христов лекар и исцелител од последните времиња

Станува збор за обемно и содржајно дело во кое се вклучени житието на светителот, како и неговите пишани дела, поуки и беседи, полезни и поучни за сите христијани.
880,00 ден
Пат на небо
Пат на небо

Пат на небо

Оваа книга ги води читателите по сигурниот пат кон спасението преку покајание, молитва и живо исполнување на Божјите заповеди. Со едноставен, но длабок јазик, старец Клеопа објаснува како човекот може да се бори со страстите, да ја зачува верата во искушенија и да изгради вистински однос со Бога.
890,00 ден
Аскетски опити
Аскетски опити

Аскетски опити

Во ова бележито дело се дава трезвено и длабоко проучување за внатрешната борба, очистувањето на срцето и правилниот духовен живот. Потпирајќи се на светоотечкото предание, авторот предупредува на духовните прелести и го води читателот кон смирение, покајание и вистинско богопознание.
920,00 ден
Ѓаконски Служебник
Ѓаконски Служебник

Ѓаконски Служебник

Служебник е богослужбена книга што ги содржи возгласите, ектениите и упатствата потребни за служењето на ѓаконот за време на Светата Литургија, вечерната и утрената. Книгата претставува практичен прирачник кој му помага на ѓаконот правилно да ја извршува својата литургиска служба во согласност со поредокот на Православната црква.
920,00 ден