Кошничка

Продавница

Великопосно патување кон Голгота и Воскресението
Великопосно патување кон Голгота и Воскресението

Великопосно патување кон Голгота и Воскресението

Книгата го содржи транскриптот на видеозаписите од циклусот предавања одржани по неделните литургии во манастирот Трескавец во 2024 година, на теми од Посниот триод и евангелските литургиски читања во подготвителните и великопосните недели до Велигден.
420,00 ден
Бивствување за вечност
Бивствување за вечност

Бивствување за вечност

Збирка беседи и предавања со длабоки теолошки и философски размисли за Божјото благоволение, за онтолошката слобода на човековата волја, како и за подвигот и стремежот кон бесмртноста и вечноста.
420,00 ден
Преподобен Никодим Тисмански
Преподобен Никодим Тисмански

Преподобен Никодим Тисмански

Оваа книга претставува историско-богословска студија за преподобниот Никодим Тисмански: за неговиот живот, подвиг и духовно наследство. Воедно, во неа авторот ја предочува и неговата монашка, мисионерска и книжевна дејност, како и неговото влијание во Подунавието и романските земји во XIV век.
420,00 ден
За постот
За постот

За постот

Оваа книга претставува избор на духовни поуки и размислувања за значењето и смислата на постот во православниот живот. Книгата потсетува дека постот не е само воздржување од храна, туку пат кон покајание, смирение и духовно обновување.
420,00 ден
Беседи за животот по животот
Беседи за животот по животот

Беседи за животот по животот

Во овие беседи, архимандритот Серафим со духовна трезвеност и пастирска грижа говори за вечноста низ призмата на воскресението. Книгата нè насочува кон одговорен и буден живот, устремувајќи нѐ кон животот што продолжува по земната смрт.
420,00 ден
Света тајна брак : Поуки на Православната Црква за бракот и семејството
Света тајна брак : Поуки на Православната Црква за бракот и семејството

Света тајна брак : Поуки на Православната Црква за бракот и семејството

Оваа книга ја објаснува смисла на бракот според учењето на Православната црква. Таа нуди поуки за љубовта, верноста, жртвата и заедничкиот живот на сопружниците. Книгата ги насочува читателите кон разбирање на бракот како заедница благословена од Бога.
420,00 ден
Посен готвач
Посен готвач

Посен готвач

Станува збор за практична и инспиративна книга со внимателно одбрани рецепти за вкусни и здрави посни јадења. Наменета за сите што постат, но и за оние што сакаат полесна и поедноставна искрана во секојдневието.
420,00 ден
Моќта на името – за Исусовата молитва
Моќта на името – за Исусовата молитва

Моќта на името – за Исусовата молитва

Зборник со текстови од светите отци, но и од современи богослови, посветени на Исусовата молитва. Книгата го открива длабокото духовно значење на непрестајното повикување на Христовото име и неговата преобразувачка сила во животот на верникот.
420,00 ден
Свети Пајсиј Величковски
Свети Пајсиј Величковски

Свети Пајсиј Величковски

Оваа книга го претставува животот и духовниот подвиг на еден од најзначајните монашки обновители на православниот свет во XVIII век – светиот Пајсиј (Величковски). Преку неговото монашко служење, љубовта кон тихувањето и молитвата, како и преку возобновувањето на исихастичката традиција, читателот се запознава со длабочината на православната духовност.
420,00 ден
Животот на пресвета Богородица и нејзините чудотворни икони
Животот на пресвета Богородица и нејзините чудотворни икони

Животот на пресвета Богородица и нејзините чудотворни икони

Во оваа книга, како што наведува и самиот наслов, опишани се најзначајните моменти од земниот живот на Богомајката, како и нејзините чуда поврзани со иконите на кои таа е претставена.
420,00 ден
Толкување на божествената литургија
Толкување на божествената литургија

Толкување на божествената литургија

Оваа книга нуди јасно и продлабочено толкување на светата литургија – тајната над тајните – откривајќи го нејзиното богословско значење и духовна длабочина. Впрочем, таа им помага на верните да земат посвесно учество во највозвишената тајна на црквата.
400,00 ден
Свети Климент Охридски – хагиографија и химнографија
Свети Климент Охридски – хагиографија и химнографија

Свети Климент Охридски – хагиографија и химнографија

Оваа книга е сочинета од три главни целини кои се органски поврзани во ликот и делото на светиот Климент Охридски. Првата целина го содржи опширното житие на светиот Климент Охридски, напишано од архиепископот Теофилакт; втората го содржи краткото житие на светителот, напишано од архиепископот Хоматијан, и третата – целокупната богослужба и акатистот кон светиот Климент. Книгата претставува вистинска житејна историографија за значајноста на патронот и закрилникот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
400,00 ден
Светите и блажени јуродиви заради Христа
Светите и блажени јуродиви заради Христа

Светите и блажени јуродиви заради Христа

Мошне полезно четиво кое има за цел да ни го претстави подвигот на јуродивите светители преку нивните житија. Книгата содржи автентични сведоштва за најтешкиот христијански подвиг – доброволното безумство заради љубовта кон Христа.
400,00 ден
Молитвеник
Молитвеник

Молитвеник

Молитвеникот е секојдневен духовен придружник што го воведува верникот во живо и лично општење со Бога. Преку утринските, вечерните и секојдневните пригодни молитви, тој го поттикнува човекот на благодарност, покајание и доверба во Божјата промисла.
400,00 ден
Господовата трпеза
Господовата трпеза

Господовата трпеза

Книгата претставува едно од најзначајните дела на православната евхаристиска теологија. Во неа авторот ја објаснува централната улога на Светата Евхаристија во животот на Црквата, нагласувајќи дека Црквата најцелосно се пројавува во собранието околу Господовата трпеза. Книгата нуди длабоко богословско размислување за единството, заедницата и мисијата на Црквата преку Евхаристијата.

390,00 ден
Старец Ефрем Катунакиски
Старец Ефрем Катунакиски

Старец Ефрем Катунакиски

Оваа книга го содржи житието на овој прославен светогорски богоугодник – житие од кое можеме многу да научиме за духовноста, за молитвата и послушноста, како и за верноста кон преданието на Црквата.
390,00 ден
Сестри
Сестри

Сестри

Оваа книга претставува своевиден синаксар во кој се собрани житијата на повеќе свети личности кои имале контакт или духовна поврзаност со главните ликови – трите преподобни сестри Анисија, Матрона и Агафија. Книгата претставува јасен пример за тоа дека светоста не е резервирана само за поединци, туку е возвишен призив за сите луѓе како боголики созданија.
390,00 ден
Невидлива борба
Невидлива борба

Невидлива борба

Во оваа книга е предочена духовната борба која треба да ја води секој православен христијанин; скалилата и искушенијата кои треба да ги помине при растењето во духовниот живот, како и добродетелите кои треба да ги стекне.
380,00 ден
Свети Герасим Кефалониски, изгонител на демоните
Свети Герасим Кефалониски, изгонител на демоните

Свети Герасим Кефалониски, изгонител на демоните

Оваа книга ги опфаќа житието, чудесата и акатистот упатен кон кефалонискиот светител Герасим, сведочејќи за силата на Божјата благодат и за неговото молитвено застапништво.
350,00 ден
Богобарател
Богобарател

Богобарател

Ова четиво го следи примерот на еден поклоник во неговата потрага по Бога. Напишано е на едноставен јазик и е вистински патоказ за оние кои зачекоруваат во животот на Црквата – Телото Христово.
350,00 ден
Христос е слобода
Христос е слобода

Христос е слобода

Главната сижетна линија на оваа книга е слободата што ја дарува Христос – ослободена од страв, вина и формализам. Со топол и разбирлив јазик, авторот го приближува Евангелието до секојдневниот живот, повикувајќи на жива вера и лична преобразба.
350,00 ден
Моќта на името
Моќта на името

Моќта на името

Оваа книга изобилува со размисли кои ја откриваат внатрешната и надворешната страна на Исусовата молитва. Таа молитва, во православната духовност, е, всушност, непопречен пат кој нѐ води кон тоа нашиот живот да стане едно со животот на Спасителот – Господ Исус Христос. Книгата го прикажува опитот на живата вера и на личното општење со Бог, зашто молитвата, во својата суштина, претставува, ни помалку ни повеќе, жива комуникација на човековата душа со Него – Изворот на животот.
350,00 ден