Кошничка

Продавница

Цариградски типик
Цариградски типик

Цариградски типик

Големиот Цариградски типик е опширен богослужбен прирачник што ги содржи како основните, така и покомплексните правила, но и редоследот на православните богослужби. Книгата претставува практичен водич за свештениците и певците, но и за верниците кои сакаат подобро да ја разберат Црквата низ призмата на богослуженијата.

1.600,00 ден
Ерусалимски типик
Ерусалимски типик

Ерусалимски типик

Големиот Ерусалимски типик е опширен богослужбен прирачник што ги содржи како основните, така и покомплексните правила, но и редоследот на православните богослужби. Книгата претставува практичен водич за свештениците и певците, но и за верниците кои сакаат подобро да ја разберат Црквата низ призмата на богослуженијата.

1.600,00 ден
60 икони на Мајката Божја
60 икони на Мајката Божја

60 икони на Мајката Божја

Оваа книга претставува внимателно селектирана и богато анализирана збирка иконографски претстави на Богородица од периодот VII – XV век. Делото ги опфаќа клучните иконографски типови на Мајката Божја (Одигитрија, Елеуса, Платитера и др.), нивниот теолошки, уметнички и историски контекст, како и нивната улога во византиската и западната традиција. Книгата нуди длабинска интерпретација на симболиката, стилските карактеристики и духовната димензија на иконите, претставувајќи ја Богородица како централна фигура во христијанската уметност и духовност низ вековите. Преведувач и уредник на книгата е Тихомир Јанчовски (1967 – 2026) и ова е негово постхумно издание.
1.990,00 ден
25 години архипастирска мисија
25 години архипастирска мисија

25 години архипастирска мисија

Оваа опсежна монографија содржи детални сведоштва за животот и досегашната неуморна и плодна архипастирска мисија на митрополитот повардарски г. Агатангел. Монографијата изобилува со богат летопис од спомени и со бројни архивски фотографии.
2.480,00 ден
Часослов
Часослов

Часослов

Часословот е една од основните богослужбени книги – во него се наоѓаат неменливите молитви од дневниот круг на богослужбите.

Содржи:
– полуноќница и утрена;
– часовите и меѓучасието;
– изобразителна;
– вечерна и повечерие.

Наменет за чтеци и певци, но и за верници што сакаат да се молат со молитвите на Црквата. Тврд повез, 532 страници.

2.500,00 ден
Ирмологиј
Ирмологиј

Ирмологиј

Книга во која се наоѓаат ирмоси од канони, катавасии (од Октоихот, Триодот и Минејот). Покрај ирмосите, се среќаваат и други додатоци – разни песни што се пеат на секојдневните богослуженија.

2.600,00 ден
Служебник
Служебник

Служебник

Служебник е богослужбена книга што ги содржи возгласите, ектениите и упатствата потребни за служењето на ѓаконот за време на Светата Литургија, вечерната и утрената. Книгата претставува практичен прирачник кој му помага на свештенослужителот правилно да ја извршува својата литургиска служба во согласност со поредокот на Православната црква.

Price range: 2.700,00 ден through 2.900,00 ден
Избери опции This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Курбиново и други студии за живописот во Преспа
Курбиново и други студии за живописот во Преспа

Курбиново и други студии за живописот во Преспа

Во ова значајно научно издание, Грозданов го анализира фрескоживописот во Курбиново, како и другите споменици од преспанскиот регион, откривајќи ја нивната уметничка и духовна вредност. Книгата, објавена двојазично – на македонски и англиски јазик, претставува важен придонес за меѓународната афирмација на македонското средновековно културно и духовно наследство.
2.900,00 ден
Свети Наум Охридски
Свети Наум Охридски

Свети Наум Охридски

Во ова репрезентативно издание, Цветан Грозданов, преку анализа на живописот, иконографијата и писмените извори, го истакнува значењето на ова монументално светилиште во македонското православно духовно наследство.
2.900,00 ден
Живописот во Македонија XVII – XIX век
Живописот во Македонија XVII – XIX век

Живописот во Македонија XVII – XIX век

Во ова капитално научно дело, Цветан Грозданов го истражува развојот на живописот во Македонија од XVII до XIX век, анализирајќи ги стилските, иконографските и историските особености. Преку темелна научна обработка, книгата претставува значаен придонес за проучувањето на македонското културно и духовно наследство.
2.900,00 ден
Охридски пролог
Охридски пролог

Охридски пролог

Охридскиот пролог е едно од најсаканите дела на свети Николај Велимировиќ – книга што со генерации ги придружува православните домови. За секој ден од годината содржи житија на светителите и описи на празниците, кратки размисли и созерцанија, како и поучна беседа. Така, читателот секој ден се среќава со нов светител и нова поука. Тврд повез, 1238 страници.

2.900,00 ден
Осмогласник - I – IV глас
Осмогласник - I – IV глас

Осмогласник – I – IV глас

Октоихот (Осмогласникот) е книга наменета за певниците и пејачите. Во неа се наоѓаат служби со неменливи молитвословија и песнопенија за богослужението на седмичните денови. Во конкретниов случај, станува збор за првиот дел од Осмогласникот, кој ги содржи химните од првиот до четвртиот глас.

2.900,00 ден
Богослужбено Евангелие
Богослужбено Евангелие

Богослужбено Евангелие

Богослужбеното Евангелие го содржи текстот на четирите Евангелија, поделен на т.н. зачала (поглавја), според читањата определени за богослужбената година. Се употребува за време на богослужбите, а особено на Божествената Литургија, во нејзиниот прв дидактички дел.

3.800,00 ден
Ерминија
Ерминија

Ерминија

Ова капитално дело служи како прирачник за црковното сликарство и иконографијата. Во него се опишани правилата, симболиката и техниките за изработка на икони и фрески според православната традиција. Книгата претставува мост меѓу уметноста и богословието, нагласувајќи дека сликарството е своевидна форма на молитва. Таа им помага на зографите да го зачуваат канонскиот ред и духовната длабочина во своите дела. „Ерминија“ и денес се смета за скапоцен водич за разбирање на православната уметност.
5.600,00 ден
Сет од 4 книги – Свето Писмо Библија

Сет од 4 книги – Свето Писмо Библија

Свето Писмо - Библија на македонски јазик ; Свето Писмо - Библија на старословенски јазик; Свето Писмо на Стариот завет на староеврејски ( Biblia hebraica stuttgartensia) ; Септуагинта (Lxx) Свето Писмо на Стариот Завет на старогрчки .

5.620,00 ден