Детска литература

Мојата прва Библија во слики
Мојата прва Библија во слики

Мојата прва Библија во слики

Оваа книга содржи бројни библиски приказни, раскажани на јасен и едноставен начин, погоден за деца од најмала возраст. Нејзината содржина, освен со кратки текстови за најважните библиски настани, е разубавена и со живописни илустрации, кои помагаат да се доловат пораката и поуката на дадениот текст. По секоја библиска сторија следуваат и прашања со кои се проверува дали прочитаната содржина е разбрана и усвоена.
470,00 ден
Библиски приказни за деца
Библиски приказни за деца

Библиски приказни за деца

Во оваа книга, приказните не се подредени според библискиот хронолошки редослед, туку се тематски групирани во три главни категории: „Ти“, „Ти и другите“ и „Ти и светот“. Расказите се романизирани и повремено содржат имиња или детали кои не се спомнуваат во библиските текстови. Целта е, низ призмата на Библијата, да се прикаже животната реалност, но и секојдневните предизвици со кои се соочуваат децата. На тој начин, тие добиваат поширока перспектива во која можат да се почувствуваат сакани, разбрани и заштитени од Бог.
500,00 ден
Библиска читанка
Библиска читанка

Библиска читанка

Библиската читанка е поделена на два дела: Стар завет и Нов завет. Таа ги опфаќа најзначајните и највпечатливите библиски настани. Изданието е збогатено со бројни илустрации и со прилагоден текст за деца. Главната сижетна линија на оваа илустрирана Библија започнува со создавањето на светот и со чудесните дела што Бог ги направил во животот на израилскиот народ; продолжува со Божјото ветување и со добрата вест за доаѓањето на Господ Исус Христос на земјата, а завршува со исполнувањето на Неговото спасително дело.
650,00 ден
Си беше еднаш…
Си беше еднаш…

Си беше еднаш…

Овој православен старечник за деца претставува избор на повеќе текстови од повеќе извори, како што се: Лавсаикот, Египетскиот старечник, Лимонарот, Прологот и Житијата на светителите, а исто така, преземени се раскази и од Житијата на италијанските светители, содржани во Дијалозите на светиот Григориј Велики. Впрочем, избрани се раскази кои ќе го разбудат интересот кај децата. Тие се прераскажани, за да бидат уште појасни и поедноставни. Но, сепак, треба да се нагласи дека оваа книга-сликовница не содржи бајки, туку сите настани што се прикажани во неа се вистинити.
450,00 ден