Зборници

Така словеше Ангелариј
Така словеше Ангелариј

Така словеше Ангелариј

Станува збор за зборник – избор од словата, беседите, проповедите и другите искажувања и пораки на блаженоупокоениот архиепископ охридски и македонски, Ангелариј. Севкупноста на неговите обраќања се темели на богољубието, братољубието и родољубието. Речит и слоевит, архиепископот Ангелариј остави длабока трага во современата историја на возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква.

460,00 ден
Синтагма - азбучен зборник на византиски црковни и државни закони и правила
Синтагма - азбучен зборник на византиски црковни и државни закони и правила

Синтагма – азбучен зборник на византиски црковни и државни закони и правила

Ова дело – чиј приредувач (превод од старословенски, анализа и коментар) е проф. д-р Александар Атанасовски – претставува значаен византиски правен зборник, во кој азбучно и систематски се изложени црковните и државните закони и правила. Книгата има огромно значење за развојот на црковното и граѓанското право во православниот свет и претставува вреден извор за проучување на византиската правна и духовна традиција.

1.480,00 ден
Свети Јован Владимир - хагиографија, химнографија и иконографија
Свети Јован Владимир - хагиографија, химнографија и иконографија

Свети Јован Владимир – хагиографија, химнографија и иконографија

Оваа книга претставува сеопфатен зборник посветен на животот, култот и духовно-уметничкото наследство на светиот Јован Владимир. Покрај хагиографските и химнографските текстови, во неа се обработени и неговите иконографски претстави во балканската уметност од XVII до XX век, со што се осветлува неговото значење во православната духовна и уметничка традиција.

1.100,00 ден
Собрани дела: Слова, поуки, житија
Собрани дела: Слова, поуки, житија

Собрани дела: Слова, поуки, житија

Ова капитално дело – непроценливо богатство на македонски јазик – е сочинето од следниве делови: обемен предговор во кој се претставени извори, но и кратки белешки за животот и дејноста на свети Климент Охридски; прв дел: натпишани и беспорни слова и поуки од свети Климент; втор дел: слова и поуки што со голема веројатност му се припишуваат на свети Климент, и трет дел: житија.
1.600,00 ден
Воскресна преобразба
Воскресна преобразба

Воскресна преобразба

Оваа трогателна приказна ја следи неверојатната духовна преобразба на Тома Рисков, кој од суров затвореник и грешник, низ патот на искреното покајание, станува жив проповедник на Христовата љубов. Преку неговото патување од темнината кон светлината, книгата сведочи дека ниту еден пад не е конечен и дека Божјата милост е секогаш отворена за душата што го избира животот – животот во заедница со Христа Живоносецот.
260,00 ден
За постот
За постот

За постот

Оваа книга претставува избор на духовни поуки и размислувања за значењето и смислата на постот во православниот живот. Книгата потсетува дека постот не е само воздржување од храна, туку пат кон покајание, смирение и духовно обновување.
420,00 ден
1100 години од упокојувањето на свети Наум Охридски – Зборник на трудови
1100 години од упокојувањето на свети Наум Охридски – Зборник на трудови

1100 години од упокојувањето на свети Наум Охридски – Зборник на трудови

Научен и тематски зборник посветен на животот, делото и духовното наследство на свети Наум Охридски. Во него се собрани трудови од различни автори кои од историски, теолошки и културен аспект ја обработуваат неговата улога во развојот на охридската духовна традиција. Книгата претставува значаен придонес за проучување на средновековната македонска црковна и културна историја.
1.350,00 ден
Моќта на името – за Исусовата молитва
Моќта на името – за Исусовата молитва

Моќта на името – за Исусовата молитва

Зборник со текстови од светите отци, но и од современи богослови, посветени на Исусовата молитва. Книгата го открива длабокото духовно значење на непрестајното повикување на Христовото име и неговата преобразувачка сила во животот на верникот.
420,00 ден
Зборник на проповеди
Зборник на проповеди

Зборник на проповеди

Овој обемен зборник опфаќа бројни проповеди за светителските празници. Тие изобилуваат со повик за постојана евангелска будност пред предизвиците со кои се соочуваме во овој бурен и неизвесен живот.
690,00 ден