Ѓаконски Служебник
Охридски пролог
Охридскиот пролог е едно од најсаканите дела на свети Николај Велимировиќ – книга што со генерации ги придружува православните домови. За секој ден од годината содржи житија на светителите и описи на празниците, кратки размисли и созерцанија, како и поучна беседа. Така, читателот секој ден се среќава со нов светител и нова поука. Тврд повез, 1238 страници.
Свети исповедници и праведници Спасе Вевчански и Спаса Вишенска
Часослов
Часословот е една од основните богослужбени книги – во него се наоѓаат неменливите молитви од дневниот круг на богослужбите.
Содржи:
– полуноќница и утрена;
– часовите и меѓучасието;
– изобразителна;
– вечерна и повечерие.
Наменет за чтеци и певци, но и за верници што сакаат да се молат со молитвите на Црквата. Тврд повез, 532 страници.
Требник
Богослужбена книга која содржи молитви и свештенодејствија што се извршуваат по потреба на еден или повеќе христијани. Наменета е за свештенослужители.
Апостол
Апостол е богослужбена книга што ги содржи Делата на светите апостоли и апостолските посланија, кои се читаат на Светата литургија и на други богослужби во текот на црковната година. Преку овие читања, верните се поучуваат во верата, животот и учењето на Христовите ученици – апостоли.
Ерусалимски типик
Големиот Ерусалимски типик е опширен богослужбен прирачник што ги содржи како основните, така и покомплексните правила, но и редоследот на православните богослужби. Книгата претставува практичен водич за свештениците и певците, но и за верниците кои сакаат подобро да ја разберат Црквата низ призмата на богослуженијата.
Цариградски типик
Големиот Цариградски типик е опширен богослужбен прирачник што ги содржи како основните, така и покомплексните правила, но и редоследот на православните богослужби. Книгата претставува практичен водич за свештениците и певците, но и за верниците кои сакаат подобро да ја разберат Црквата низ призмата на богослуженијата.
Велики требник
Богослужбена книга – опширен зборник на треби (молитви, богослужбени чинови и свештенодејствија) што се извршуваат по потреба на еден или повеќе христијани. Наменет е за свештенослужители.
Осмогласник – I – IV глас
Октоихот (Осмогласникот) е книга наменета за певниците и пејачите. Во неа се наоѓаат служби со неменливи молитвословија и песнопенија за богослужението на седмичните денови. Во конкретниов случај, станува збор за првиот дел од Осмогласникот, кој ги содржи химните од првиот до четвртиот глас.
Ирмологиј
Книга во која се наоѓаат ирмоси од канони, катавасии (од Октоихот, Триодот и Минејот). Покрај ирмосите, се среќаваат и други додатоци – разни песни што се пеат на секојдневните богослуженија.
Богослужбено Евангелие
Богослужбеното Евангелие го содржи текстот на четирите Евангелија, поделен на т.н. зачала (поглавја), според читањата определени за богослужбената година. Се употребува за време на богослужбите, а особено на Божествената Литургија, во нејзиниот прв дидактички дел.
Служебник
Служебник е богослужбена книга што ги содржи возгласите, ектениите и упатствата потребни за служењето на ѓаконот за време на Светата Литургија, вечерната и утрената. Книгата претставува практичен прирачник кој му помага на свештенослужителот правилно да ја извршува својата литургиска служба во согласност со поредокот на Православната црква.