Кошничка

Продавница

Проповедничка енциклопедија
Проповедничка енциклопедија

Проповедничка енциклопедија

Ова капитално дело е наменето за свештенослужители и нуди огромна инспирација за подготвување проповед. Тоа не содржи готови проповеди, туку претставува поле за размислување, помошно средство и поттик да се напредува во проповедништвото.
1.420,00 ден
Преподобен Бенедикт Нурсиски – светилник на западното монаштво
Преподобен Бенедикт Нурсиски – светилник на западното монаштво

Преподобен Бенедикт Нурсиски – светилник на западното монаштво

Во ова дело се претставени ликот и делото на преподобен Бенедикт Нурсиски – основоположникот на западното монаштво. Книгата говори за него како за светилник кој силно засветлил во духовната традиција на Западната црква.
260,00 ден
Пат на небо
Пат на небо

Пат на небо

Оваа книга ги води читателите по сигурниот пат кон спасението преку покајание, молитва и живо исполнување на Божјите заповеди. Со едноставен, но длабок јазик, старец Клеопа објаснува како човекот може да се бори со страстите, да ја зачува верата во искушенија и да изгради вистински однос со Бога.
890,00 ден
Отворена Библија
Отворена Библија

Отворена Библија

Оваа книга во целиот христијански свет е позната како „водич низ Светото писмо“. Таа содржи куси резимеа, нагласување на важни прашања, клучни цитати и извадоци, како и суштински информации за историскиот контекст и слично. „Отворената Библија“ ги истражува текстовите на старозаветните и новозаветните списи, укажувајќи на тоа зошто таа зазема толку важно место во светската култура и зошто нејзините пораки се релевантни и за денешните читатели.
700,00 ден
Моќта на името – за Исусовата молитва
Моќта на името – за Исусовата молитва

Моќта на името – за Исусовата молитва

Зборник со текстови од светите отци, но и од современи богослови, посветени на Исусовата молитва. Книгата го открива длабокото духовно значење на непрестајното повикување на Христовото име и неговата преобразувачка сила во животот на верникот.
420,00 ден
Мисионерски записи

Мисионерски записи

Оваа книга претставува збир на размисли и примери од современиот христијански живот и мисија. Преку едноставен и жив стил, авторот зборува за верата, покајанието и предизвиците на човекот во денешниот свет. Книгата поттикнува на духовно будење и посериозен однос кон верата.
450,00 ден
Курбиново и други студии за живописот во Преспа
Курбиново и други студии за живописот во Преспа

Курбиново и други студии за живописот во Преспа

Во ова значајно научно издание, Грозданов го анализира фрескоживописот во Курбиново, како и другите споменици од преспанскиот регион, откривајќи ја нивната уметничка и духовна вредност. Книгата, објавена двојазично – на македонски и англиски јазик, претставува важен придонес за меѓународната афирмација на македонското средновековно културно и духовно наследство.
2.900,00 ден
Зборник на проповеди
Зборник на проповеди

Зборник на проповеди

Овој обемен зборник опфаќа бројни проповеди за светителските празници. Тие изобилуваат со повик за постојана евангелска будност пред предизвиците со кои се соочуваме во овој бурен и неизвесен живот.
690,00 ден
Соборен храм Свети Климент Охридски – 30 години од осветувањето
Соборен храм Свети Климент Охридски – 30 години од осветувањето

Соборен храм Свети Климент Охридски – 30 години од осветувањето

Оваа бележита монографија опфаќа повеќе текстови за Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје. Во нив е претставен историјатот на изградбата, осветувањето, живописот, како и духовната и културната вредност на храмот. Воедно, низ страниците се провлекуваат и текстови кои ја претставуваат молитвата во Стариот завет како претеча на онаа во Новиот, но и молитвата како израз на човековата љубов кон Бога и кон целиот свет.
680,00 ден
Старец Силуан
Старец Силуан

Старец Силуан

Ова духовно четиво го претставува светлиот лик и поуките на општопознатиот старец Силуан Атонски, сведочејќи за длабочината на неговото смирение, љубов и непрестајна молитва. Книгата го поттикнува читателот кон внатрешно покајание и кон она најважното – вистинското богопознание.
620,00 ден
По стапките на светиот апостол Павле
По стапките на светиот апостол Павле

По стапките на светиот апостол Павле

Од самата содржина на оваа книга може да се забележи дека истата е посветена на личноста и на мисионерското дело на Павле – апостолот на народите. Книгата е неприкосновен прирачник во којшто сликовито е опишан животот на апостолот (од родното место Тарс, па сѐ до неговото преобраќање на патот кон Дамаск), а воедно детално е предочена и неговата неуморна мисија во ширењето на христијанството преку бележитите мисионерски патувања. Книгата претставува автентична градација на Павловиот животен тек и истата е полезно четиво за сите оние коишто сакаат да добијат појасна слика за настаните опишани во книгата „Дела апостолски“, како и во Павловите посланија.
590,00 ден
Искачување кон воскресение
Искачување кон воскресение

Искачување кон воскресение

Во оваа обемна книга опфатени се проповедите на еден од најславните романски духовници – старец Клеопа. Во нив е проткаен сиот духовен и животен опит на старецот, втемелен врз надежта во воскресението – сржта на нашата вера.
650,00 ден
Ерминија
Ерминија

Ерминија

Ова капитално дело служи како прирачник за црковното сликарство и иконографијата. Во него се опишани правилата, симболиката и техниките за изработка на икони и фрески според православната традиција. Книгата претставува мост меѓу уметноста и богословието, нагласувајќи дека сликарството е своевидна форма на молитва. Таа им помага на зографите да го зачуваат канонскиот ред и духовната длабочина во своите дела. „Ерминија“ и денес се смета за скапоцен водич за разбирање на православната уметност.
5.600,00 ден
Библиски атлас
Библиски атлас

Библиски атлас

Библијата е исполнета со описи на патувања, како на пример: епското патување на Авраам од татковиот дом во Ур до хананската земја; излегувањето на Евреите од ропството во Египет, па сѐ до нивното влегување во ветената земја; мисионерските патувања на апостол Павле итн. Но не е исполнета само со описи на патувања, туку и со прикази на местоположбата на најважните географски топоними од времето на Авраам, па сѐ до првите христијански заедници. Одговорите на прашањата поврзани со сето ова можат да се пронајдат токму во овој Библиски атлас, и тоа преку достапните карти во боја, со коишто лесно може да се проследи библиското раскажување. Воедно, Атласот содржи и регистaр на географски имиња (топоними).
330,00 ден
25 години архипастирска мисија
25 години архипастирска мисија

25 години архипастирска мисија

Оваа опсежна монографија содржи детални сведоштва за животот и досегашната неуморна и плодна архипастирска мисија на митрополитот повардарски г. Агатангел. Монографијата изобилува со богат летопис од спомени и со бројни архивски фотографии.
2.480,00 ден
Дела [I – VI том]
Дела [I – VI том]

Дела [I – VI том]

Овие книги го изложуваат богатото книжевно и богословско наследство на свети Јован Златоуст, чија мисла и слово оставиле неизбришлива трага во историјата на црквата. Неговите писанија се одликуваат со силна евангелска острина и исклучителна јасност во поуката. Златоустовите дела и денес го повикуваат читателот на духовна будност и одговорен христијански живот – живот според Евангелието.
Price range: 990,00 ден through 5.300,00 ден
Избери опции This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Христос е слобода
Христос е слобода

Христос е слобода

Главната сижетна линија на оваа книга е слободата што ја дарува Христос – ослободена од страв, вина и формализам. Со топол и разбирлив јазик, авторот го приближува Евангелието до секојдневниот живот, повикувајќи на жива вера и лична преобразба.
350,00 ден
Свети Лука Војно – Јасеницки, Христов лекар и исцелител од последните времиња
Свети Лука Војно – Јасеницки, Христов лекар и исцелител од последните времиња

Свети Лука Војно – Јасеницки, Христов лекар и исцелител од последните времиња

Станува збор за обемно и содржајно дело во кое се вклучени житието на светителот, како и неговите пишани дела, поуки и беседи, полезни и поучни за сите христијани.
880,00 ден
Пастирска помош за душевно болни
Пастирска помош за душевно болни

Пастирска помош за душевно болни

Оваа книга претставува пастирско сведоштво за пристапот кон душевното страдање. Со сочувство и духовна расудливост, авторот нуди поуки и насоки за помош, утеха и духовно исцеление на човекот.
650,00 ден
Свети Серафим Саровски – пророк на божјата љубов
Свети Серафим Саровски – пророк на божјата љубов

Свети Серафим Саровски – пророк на божјата љубов

Оваа книга го претставува животот и духовниот подвиг на светиот Серафим Саровски, сведочејќи за неговата неизмерна и самопрегорна љубов кон Бога и кон секој човек. Делото го открива неговото пророчко слово и светост како живо сведоштво за силата на Божјата благодат.
960,00 ден
Светлост од запад – животот и учењето на отец Серафим Роуз [I и II том]
Светлост од запад – животот и учењето на отец Серафим Роуз [I и II том]

Светлост од запад – животот и учењето на отец Серафим Роуз [I и II том]

Ова двотомно издание го прикажува животот и делото на отец Серафим Роуз – една од највлијателните личности во современото православие. Неговиот животен пат и духовен опит претставуваат вистинска инспирација за младиот христијанин што копнее по Бога – Изворот на животот.
1.600,00 ден